Maggi ideja za

Производите со ознаката „Maggi идеја зa..." се мешавина од некои основни зачини со додаток на посебно избрани ароми и други суровини. Се користат за подготовка на разни видови на јадења – традиционални или модерни рецепти, во рамките на кои постојат посебно подготвени мешавини од зачини како што се додаток за месо, тестенина или риба.

   

„Maggi идеја зa..." ви дава одговор на секојдневното прашање „Што да готвам денес?" и ви помага едноставно и брзо да подготвите комплетен оброк за целото семејство. Со помош на производите „Maggi идеја зa..." загарантирана е успешната подготовка на јадењата. Специфичната комбинација од зачини ќе го збогати јадењето и ќе му даде посебна нота на вкус. Ви даваме комбинација од добро познати состојки кои ги знаете и сакате, ви нудиме разновидност во рецептите и ви гарантираме квалитет на готовото варено јадење. Задоволството на нашите купувачи е мотивот кој не покренува, со следење на светските трендови, постојано да работиме на унапредување на постоечките и развојот на новите производи.

Производите со ознаката „Maggi идеја зa..." достапни се во внимателно девинирани грамажи од 30 g дo 55 g. Во нашиот асортиман на кулинарски производи ќе најдете смеши за подготовка на традиционални и модерни јадења. Најбараните традиционални јадења лесно се прават со додатоците за подготовка на Гулаш, Ловечки шницли, Рибина чорба, Грав, Сарма и полнети пиперки. Во модерниот сегмент не препознаваат како лидер на пазарот и нудиме рецептури за лесна подготовка на пастите Bolognese, Milanese, Carbonara, Lasagne или Макарони со четири видови на сирење, како и за подготовка на јадења со месо - Пилешко со четири видови на сирење, Пилешко со спанаќ и Пилешко со шампињони.