Maggi cупи

Како почеток на секој семеен ручек, Maggi Супите претставуваат важен дел од секојдневната исхрана. Нивна главна предност се брзата и лесна подготовка и загарантиран резултат. Компанијата Nestlé на потрошувачите им нуди широк асортиман на супи во кесичка кои ги делиме на бистри супи, супи со кнедли и крем супи. Причини за долгогодишната доверба на нашите потрошувачи се квалитетот на производите, традицијата, иновациите и реиновациите  во оваа категорија.

 

Вкусовите и преференциите на потрошувачите имаат важна улога во создавањето на производите, тие беа клучни за развојот на новиот и единствен концепт „Свет на добрите состојки“. Maggi супите сега содржат едноставни и на потрошувачите добро познати состојки, како оние кои можат да ги најдат во својата кујна.
Нашата цел е да го унапредиме кулинарскиот асортиман до 2020. година со додавање на состојки кои нашите потрошувачи ги знаат и сакаат, а истовремено отстранувајќи ги оние кои не ги препознаваат и кои не им се допаѓаат. Го зголемуваме уделот на квалитетните состојки пожелни во исхраната на секој поединец: зеленчук, мешунки, цели зрна од житарки, зачини. А во производите го намалуваме уделот на соли, шеќери, заситени масни киселини, ги отстрануваме на вештачките бои.

 

Maggi супите достапни се во внимателно дефинирани грамажи од 39 g дo 87 g. Како лидер на пазарот имаме одговорност и обврска постојано да иновираме производи за да можеме на нашите потрошувачи да им ја олесниме подготовката на јадењата, а оброкот да го направиме повкусен и поздрав. За сега на пазарот сме присутни со бистри супи, супи со кнедли и крем супи. 

Рижото со печурки и панчета. 
Број на порции: 5
Состојки: 1 Maggi супа од печурки, 1 кромид, 100g панчета, 250g шампињони, 150g ориз, 2 лажици маслиново масло, 60g путер, 50g пармезан. Сварете ја Maggi крем супата од печурки според упатството од кесичката. Исечкајте ги печурките и панчетата на крупни парченца. Во садот со загреано маслиново масло издинстајте го исечканиот кромид околу 5 минути. Додадете го оризот и мешајте две минути, а потоа полека и во мали количества додавајте ја крем супата во текот на 18 минути. Секога пат кога ќе се згусне оризот и кога ќе испари водата додадете уште една црпалка супа. Паралелно со тоа во тава на малку масло испржете ги шампињоните и панчетата. Пред самиот крај на варењето на оризот додадете ги шампињоните и панчетата, путерот и пармезанот. Измешајте ги сите состојки и оставете ги 5 минути за да се поврзат вкусовите. Сервирајте веднаш, додека е топло.