Развој на кариерата

Ние во Нестле знаеме дека луѓето се тие што не воведуваат и не поттикнуваат да одиме кон успехот година по година. Ние сме единствено способни да ги погодиме нашите цели бидејќи тие ги погодуваат своите. Така, создадовме култура на такво ниво каде акцентот е ставен на различноста, иновацијата и растот и која го овозможува нивниот, но дефинитивно и нашиот развој.

Како професионалец, ќе откриете дека овде имате поширока сфера на влијание и поголема слобода отколку било каде на друго место. Така, ќе можете да ги проширите или продлабочите своите работни способности исто како што ќе можете да одите напред.

Постојат три фактори кои ќе го обликуваат развојот на вашата кариера во Нестле:

• Клучни фактори. Овие не подлежат на преговори; ова се квалитети кои едноставно мора да ги имате  доколку сакате да ви пружиме што е можно повеќе прилики. Тие се однесуваат на вашите одржливи перформанси, знаењето и вештините кои ги поседувате за вашата функција, бизинсот и за вас самите, плус вашите лидерски способности и критичко искуство.
 Акцелератори. Ова е името кое им го даваме на квалитетите кои ќе одредат колку далеку и колку брзо ќе напредувате и ќе се развивате. Овде ја вклучуваме вашата мобилност, флексибилноста да се движите помеѓу разни функции  и категории, колку добро се поврзувате и колку сте отворени за нови искуства.
• Можности. Ова се факторите кои се многу повеќе зависни од околностите и активностите насекаде во бизнисот. Можностите можат да се движите помеѓу нови улоги, нови позиции и нови проценки.

Проценка на талентот и сукцесивно планирање

Сукцесивното планирање е начинот на кој го планираме развојот на кариерата и на кој ги пополнуваме средните и сениор-нивоата за работа. Преку методолошки пристап го планираме овој процес. Ништо не е оставено на случајот. Нашите сукцесивни планови ги покриваат сите клучни работи во Нестле и содржат листа на прогнозирани потенцијални наследници на тие улоги. Во секое време ние точно знаеме колку добро овие наследници работат и колку се блиску до превземање на следната услога во нивниот развој.

Побитно е тоа дека нашите сукцесивни планови се создадени  од влезни податоци од повеќе извори. Со други зборови, имаме многу заоблен поглед на развојот. Ги разгледуваме историјата на кариерата на нашите вработени и талент проценките што сме ги направиле, резултатите од нашата проценка на нивните перформанси и други значајни развојни податоци.

Откривање на вашиот потенцијал

Од искуство знаеме дека, за да се создадат планови за високо-квалитетен развој, најбитно е да се примени моделот 70/20/10. Ова појаснува дека активностите базирани на искуство го имаат најголемото влијание врз професионалниот и личниот развој, пристапите базирани на поврзаност како фидбек и тренинг заземаат 20% од влијанието, а формалната обука го има најмалото влијание врз брзиот развој на луѓето. Така, имајќи го ова во предвид, применуваме различни пристапи на учење за да извлечеме колку повеќе можеме од вашиот потенцијал.

Нашата Корпоративна Менторска Програма ќе ви помогне да го забрзате сопствениот развој преку поддршка базирана на поврзаност, трансфер на искуство, преку клучни увиди и непишани правила, како и изложеност кон областите кои не се дел од вашата моментална улога.

Нашиот Меѓународен Центар за Обука во Швајцарија ќе ви пружи разновидни програми и курсеви, преку кои ќе размените знаење и ќе споделите идеи со колегите од други земји.

Секогаш постои можност да ја продлабочите вашата експертиза и да развиете лидерски способности преку меѓународно искуство. Имаме над 2000 иселеници во околу 96 земји. Заедно со други мултинацонални компании имаме започнато ексклузивна мрежа која им помага на оние кои имаат и друга кариера, да можат професионално да се интегрираат во нова земја.