Професионална Етика

Професионалната Етика која е на високо ниво, која е поддржана со различни награди и развивање, е клучниот елемент во пренесувањето индивидуални задачи и задачи на бизнис ниво. Ова се води од аспект на усогласувањето на јасни и предизвикувачки одговорности и приоритети и се осигуруваме дека вработените се запознаени со тоа како нивната работа влијае на Нестле.

Вашите перформанси се најважниот фактор во одредување на вашите можности во рамките на Нестле. Ако ви се допаѓа да превземате нови и поголеми одговорности, треба и да покажете дека сте спремни за тоа. Треба да покажете преку нашиот процес за оценување дека сте се унапредиле силно и конзистентно во текот на неколку години. Ова не значи само набивање на вашиот резултат, туку треба да покажете дека ги имате достигнато на вистинскиот начин. Како сте достигнале нешто е исто толку важно како и што сте достигнале.

Треба да ги истакнеме зборовите „силно“ и „конзистентно“. Важно е да оставите силен впечаток со тоа што го правите. Мора да истакнете огромни резултати – не еднаш, туку повторно и повторно. А за да го направите тоа, треба да се држите до една улога и да покажете дека резултатите кои сте ги постигнале можат да бидат одржувани.

Во Нестле, исходот и мислењата се подеднакво важни. Ги цениме луѓето кои достигнуваат резултати според Нестле правилата. Ја очекуваме вашата поддршка во Нестле Корпоративните Принципи (pdf.1 Mb), Нестле Менаџерските и Лидерски Принципи (pdf, 533 Kb), и Нестле Кодексот за Бизнис однесување (pdf, 76 Kb).