Вработотување

Каде и да аплицирате во светот, нашите тимови за вработување ќе обезбедат професионална, навремена услуга.

Аплицирање

Нашето решение за Глобално електронско вработување вклучува можности во 48 земји.  Ако вашите барања не ве доведат до вистинската улога за вас, или ако сакате да истражувате можности во други земји, истражете ја нашата страна ја пребарување работа.

Селекција

Откако ќе ја добиеме вашата апликација, ќе го анализираме вашето CV и предзнаење за да ве поврземе со соодветнта улога. Потоа ќе бидете контактирани од страна на еден од нашите тимови за вработување.

Следната фаза се серии од индивидуални интервјуа со тимот од Човечки Ресурси – без разлика дали преку телефон, он-лајн или интервју во живо, лице в лице.... и ќе бидете интервјуирани од страна на соодвениот менаџер. Важно е да се забележи дека ќе го набљудуваме вашиот потенцијал и ќе ги проучуваме вашите достигнувања и мотивираност.

Во меѓувреме, ќе користиме компетентни техники за интервјуирање кои ќе се однесуваат на вашето лично искуство и примери од вашиот професионален живот.

Ако аплицирате на програмата за дипломирани и стигнете до фаза за интервју, ќе бидете повикани во Центарот за Евалуација. Тука ќе бидете оценувани заедно со другите кандидати и ќе имате прилика да покажете дека имате знаење, поседувате вештини и дека имате способност да оставите силен впечаток. 

Понуда за работа

Првата работа која ви ја кажуваме се честитки за достигнување до оваа фаза. Ќе ве претставиме на целиот Нестле тим и ќе ви дадеме повеќе информации за вашето воведување овде. За да стигнете до оваа фаза обично се потребни околу два месеци.

Воведување

Нашите воведни програми варираат од еден до друг пазар. Сепак, сите ќе ви посакаат „Добредојде“ во вашиот департман, ќе ви дадат еден преглед на бизнисот и ќе ве воведат во вашата функција и задача. Додека се прилагодувате, ќе имате постојана поддршка и помош кои ќе ви бидат потребни за да успеете.