Маркетинг

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player
 ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПРИКАЗНАТА НА ЖАНЕТ: „Во Нестле сте изложени на сите аспекти од маркетингот.“

Како што самата функција ја води нашата поддршка за градење на брендот, Маркетингот е токму во срцето на она што го правиме. Секако, „Создавањето на брендот Нестле“ е специфичен процес кој ја издвојува нашата маркетинг функција во индрустијата – и од аспект на кариерата и од комерцијален аспект.

Нашиот Маркетинг Тим обезбедува маркетинг услуги од еден до друг крај во нашите три области: бренд менаџмент, комуникации и увид во потрошувачката. Важно да се спомене е дека, маркетингот не претставува изолирана активност овде – нашиот фокус на потрошувачот е дека му нудиме поинаква услуга , дека работиме рака под рака со тимот за Клиенти и Продажба.

Можноста

Ваквиот фокус, силата на нашиот бренд портфолио и опфатот на бренд активностите го прават нашиот Маркетинг тим местото на кое треба да се најдат искусните маркетинг и бренд професионалци. Како што и би очекувале, овде има богатство од можности. Би можеле да ни се приклучите кон било кои три области. Потоа, од овде, вашата кариера може да следи неколку рути. Може да се преместите во комерцијалниот или генералниот менаџер како што многумина од главните на нашиот бизнис, пазари и земји имаат направено, или би можеле да одите по некој поспецијализиран маркетинг пат.

Предизвикот

Која насока и да ја изберете, ќе мора да ја споделите нашата посветеност кон потрошувачот и нашето верување за подобрување на животот со се што превземаме.  Со силната маркетинг моќ, идеално стекната во брзо-променувачката средина за потрошувачките добра, ќе покажете дека ви е пријатно да решавате комерцијални предизвици користејќи ги маркетинг практиките. Силните комуникациски и аналитички вештини се клучот за оваа област, како и способноста да се влијае на другите и да се соработува со тимовите и индивидуално. Луѓето кои успеваат во маркетингот на Нестле се отворени за да научат повеќе за средината, тие ги остваруваат целите ефективно и одговорно и ги извршуваат задачите беспрекорно.