Инженерство и ИР

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СТОРИЈАТА НА КРИСТИЈАН: „Наијнтересната работа во врска со Нестле е патот кон кариерата“

Како водечка светска компанија за храна и пијалоци, имаме огромен број проекти во секое време за исклучителни механичарски, хемиски или индурстриски инженери или пак технолози за храна. Еве некои од областите во кои би можеле да ја продлабочите вашата инженерска или техничка експертиза – и на локално и на меѓународно ниво.

Нестле Центри за Производна Технологија (ЦПТ)

Како што кажува самото име, нашите ЦПТ овозможуваат технички развој на експертизата за нашиот производ, за процесот на производство или пакување. Секој ЦПТ е поврзан со одреден Нестле бизнис и создава експертиза за назначените производни категории. Како таков, тој станува глобален центар за тој вид на производ и развојниот процес. На пример, во Швајцарија произведуваме know-how технологија за кафе, пијалоци, млечни производи и прехранбени производи.

Нестле Група за Аплицирање

Во прилог на индивидуалните Нестле фабрики, Групата за Аплицирање се уверува дали нашите продукти ги одразуваат локалните вкусови. Тие исто така соработуваат со ЦПТ за да ги тестираат научните апликации што е можно поблиску до крајниот потрошувач. Ако размислувате каде е најдобро да започнете техничка кариера со Нестле, Групата за Аплицирање може да биде одговорот. Ќе се соочите со широка изложеност на голем број на категории, учејќи за се – почнувајќи од грижа за миленичиња со Purina, кафе со Nespresso или Nescafe, вода со Vittel или SanPellegrino, па се до чоколада со KitKat.

Тим за подобрување на перформансите

Со одлично инженерско искуство, ќе се приклучите кон специјален тим со повеќе од 40 луѓе од различни националности. Во суштина, ќе бидете интерен консултант. Ќе соработувате со нашите фабрики за да им помогнете да ги подобрат своите оперативни перформанси, да ја развијат својата способност и да ги споделат најдобрите практики. Ова претставува совршена средина да ги подобрите вашите лидерски и технички вештини додека работите на проекти ширум светот, почнувајќи од нивно креирање па се до имплементирањето.

Единица за Оперативни Стратегии

Овој тим се фокусира на проектите кои имаат големо влијание во Индустриските Стратегии, Конкурентните Анализи и Проценувањете на Создадената Вредност. Како дел од тоа, директно ќе го поддржувате сениор менаџментот – клучниот клиент на единицата – преку придонесување во проекти кои опфаќаат финансиски анализи и симулации, бизнис и оперативни проценки, како и технолошко распоредување.

Тим кој ја поттикнува Иновацијата

Овој тим го забрзува мулти-пазарното распоредување на клучните иновации и истражувањето на сложените ИР-проекти во бизнис можностите. Со најмалку 5-годишно искуство во проект-менаџирањето, добро разбирање на целиот вредносен синџир и глобалната мобилност (до 70% патувања), ќе превземете улога на Проектен Водич. Ќе имате комплетна одговорност за изведба на проектот, ќе управувате тимови со вкрстени функции и повеќе заинтересирани страни, обезбедувајќи ефективна и проактивна соработка. Ќе имате можност да работите на разни пазари и производни категории и да ја развиете вашата вештина во управување со сложени случаи, синтетизирање на потрошувачкиот увиди, и потврдување на  бизнис можностите. Превземајќи ја оваа улога, од вас се очекува да бидете силен и инспирирачки тим-играч, и да соработувате, покажувајќи пристап базиран на факти со високо ниво на итност.