Зошто да работите во Нестле

Ние во Нестле, сме водени од една едноставна цел. Како водечка Компанија за Исхрана, Здравје и Убавина, ние сме посветени кон подобрување на животот на луѓето, секаде, секој ден. Ова значи создавање долгогодишна одржлива вредност за потрошувачите, заедниците и колегите – преку брендовите, поддршката и кариерата која ја нудиме.

Можноста

Имаме создадено работна атмосфера во која нагласокот е ставен на индивидуалната одговорност, можности и самостојност. Ќе го охрабриме вашиот раст преку континуиран развој, програми со ментор и пристап до нашиот Меѓународен Центар за Обука во Швајцарија. Исто така, ќе имате пристап до  длабоко-вкоренетата  експертиза во нашиот бизнис стапувајќи во контакт со колеги-истомисленици.  Таму лежи и потенцијалот да се збогатите со искуство – имаме над 2,000 иселеници во околу 96 земји – но никогаш не можеме да го превидиме локалниот талент. Всушност, речиси 60% од нашите сениор-менаџер се родени и “професионално созреани“ локално.

Во меѓувреме, ќе го поддржиме вашиот раст со култура фокусирана на луѓето, практика на родителско отсуство и една флексибилна, разновидна работна средина. Ги охрабруваме нашите луѓе да ја сфатат својата кариера како едно патување, да размислуваат на долг рок за тоа како тие да ги прошират и продлабочат своите вештини. Присвојте го овој начин на размислување и ќе откриете дека подеднакво размислуваме, сфакајќи дека вашите приоритети за кариерата ќе се менуваат со тек на време.

Предизвикот

Исто како што сме поддржувачки настроени, така и не треба предизвикот да се потцени. Успехот овде значи споделување на нашата страст за подобрување на животот, живеење до нашиот примерен стандард за квалитет, искреност и фер разбирање, и превземање сопственост врз сопствената иднина. Достигнете го ова и наскоро ќе откриете дека нашите 2,000 водечки брендови, нашиот акцент ставен на растот и нашиот обем ќе создадат уникатна работна средина за искусни професионалци водени од секоја дисциплина.