5 најчести прашања на разговори за работа и како да се одговори на нив

Успеавте! Вашата пријава го восхити идниот работодавец и тие сакаат и лично да ве запознаат. Природно е да се биде нервозен, но ќе сфатите: колку подобро ќе се подготвите, толку помалку ќе бидете нервозни.

1. „Што знаете за нашата компанија?“

Со ова прашање испитувачот сака да се увери дека сте ја сработиле „домашната задача“ и дека со причина токму ним сте им ја испратиле својата пријава. Пред да дојдете на интервју, мора да се информирате за големината на компанијата, за нејзините производи и/или услуги, за настаните и за промените што кај нив се случиле во последниов период, за историјата, визијата и за мисијата, за целите, како и за мислењето на јавноста – дали последниов период ги имало во вестите?

2. „Што ве мотивира?“

Овде е важно да ја покажете личната мотивација. Размислете за предизвиците што неодамна сте ги имале, но и колку ве исполнувало и мотивирало кога успешно сте ги надминале. Примерите може да се најразновидни, од организација на некое случување што добро завршило – во тој случај вашата мотивација била во тоа да усреќите други и целото случување да биде добро организирано и успешно изведено.

3. „Кои мислите дека би биле подрачјата за лично подобрување?“

За ова прашање, секако, најдобро е да се подготвите. Наш совет? Одберете нешто што во минатото ви пречело, на што сте работеле или моментално работите тоа да го промените кон подобро. Пример за такво нешто би било дека не ви лежи презентирањето. Признајте го тоа, но кажете и дека сте се „освестиле“ и дека дома или пред пријателите ја вежбате вештината на презентирање за да ја подобрите..

4. „Каде се гледате по 5 години?“

Како што споменавме на нашиот блог „Шест нешта што би морале да ги направите пред да тргнете да барате работа“, најдобро е да се подготвите така што ќе размислите за долгорочните и за краткорочните цели во кариерата. Зборувајте за кариера каква што вие ја гледате, како и за чекорите што би морале да ги преземете за и да успеете во тоа, секако, поврзувајќи го сето тоа со работата за која сте се пријавиле и сте дошле на интервју..

5. На крајот, кое прашање вие би му го поставиле  на испитувачот?

Прашањето „Дали вие имате некое прашање за нас?“ често знае да вознемири мнозина, а ќе се сетат на прашањето дури откако ќе го напуштат интервјуто. Подгответе прашање кое ќе го покаже вашиот ентузијазам и е специфично врзано за работата/улогата/организацијата. Пример за добро прашање би било „На кои проекти сега работи овој оддел?“