Шест нешта што би требало да ги направите пред да почнете да барате работа   

Кога барате работа, или можеби токму вашата прва работа по завршеното школување, тоа може да биде застрашувачко. Еве ги шесте нешта за кои треба да размислите пред да почнете да ги испраќате својата биографија и молба до потенцијалните работодавци, за да бидете подготвени за шансите за вработување на кои ќе наидете:

1.    Поставете си цел

Добро е најпрвин да подразмислите што, впрочем, сакате од својата идна кариера – долгорочно и краткорочно. Запрашајте се:
  • Што сакам да работам?
  • Во што сум добар/добра?
  • Кои се моите знаења и вештини?
  • Кои карактеристики на идната работа ми се битни?

2.    Прочистете ја биографијата

Секој збор во вашата биографија мора да биде во ваша полза
  • Прочистете го она што сте го напишале во делот за школувањето. Доколку сте дипломирале, својот степен на едукација може, во најголем број случаи, да се изрази во еден навод
  • Приспособете си ја биографијата кон секоја пријава што ја испраќате. Проверете кои знаења и квалификации се потребни за работата за која се пријавувате и нагласете ги во својата биографија токму искуствата што го поткрепуваат тоа
  • Бидете кратки и концизни. Работодавците примаат голем број молби, па преобемно детализирање не е потребно и нема да ве издвојат од купот други пријави

3. Google Test

Што може идниот работодавец да најде за вас доколку вашето име го стави во Google пребарувачот? Сте поставиле ли безбедносни поставки што обезбедуваат вашиот деловен и приватен живот да не се мешаат?

4.    Посетувајте курсеви и волонтирајте

Зголемете ја својата можност за вработување со посетување курсеви и со волонтирање. Двете нешта ја покажуваат вашата волја за работа и за здобивање дополнително искуство, а и дека радо преземате иницијатива. Исто така и тоа внесете го во својата биографија. На тој начин создавате добро опкружување при идниот разговор за работа, а тие две нешта исто така создаваат додатна можност за добивање искуство и за ширење на мрежата на социјални контакти.

5. Следете ги брендовите и стручњаците за вработување на социјалните мрежи

Доколку веќе сте активни на социјалните мрежи како Facebook и Twitter, прегледајте ги страниците на потенцијалните работодавци и вклучете се во нивното следење. Не само што на тој начин може да ги добивате сите информации врзани за отворените позиции туку може повеќе да дознаете и за самата компанија и за нејзината корпоративна култура. Ќе добиете добар увид во нивните активности за вработување и дали би се вклопиле во нивната корпоративна култура. Затоа, и нас следете нè на Facebook!

6. Вмрежете се

Луѓето се понаклонети да соработуваат со поединци што ги знаат или за кои имаат препорака. Вашето семејство, пријателите, поранешните колеги од училиште и од факултет, како и разни професионални контакти нека знаат дека барате работа. Не притеснувајте се да побарате нивна помош во вмрежувањето и во создавањето контакти. Вашиот профил на Linkedin ќе ви помогне да создадете многу професионални контакти, но не заборавајте дека и посетата на разни саеми за кариера и на други слични конференции и случувања исто така може да биде извонредна база за создавање контакти и за вмрежување.