Останати функции

Во секој агол од нашиот бизнис, огромниот талент е тој што ни помага да создадеме трајна вредност за потрошувачите, заедниците и колегите. Нашите тимови од Финансии и Контролинг, Човечки ресурси, Информацинои Системи/Информациони Технологии и Синџирот за снабдување го подобруваат работењето на вистински, опиплив начин, секој ден. Како што и би си замислиле, овие области се одлични предели каде би ги развиле вашите технички и менаџмент вештини, каде би ги научиле основните работи од нашиот бизнис и би започнале со градење на една извонредна кариера која постојано би носела предизвици, би била повремено непредвидлива и никогаш досадна.

Финансии и Контролинг

Следејќи ги трендовите, секогаш успеваме да се задржиме на врвот од конкуренцијата. Приклучете ни се во нашиот департман за Финансии и Контролинг и ќе ни помогнете со обезбедување точни извештаи и следење на податоците, на партнерство со одредени бизнис единици и функции во стратешките анализи. Со широк обем на одговорности кои опфаќаат трошоци, сметководство, буџетирање и даноци, би требало да имаме прилика за вас без оглед на вашето предзнаење од полето на финансии. Условот  овде е да бидете во мала доза скептични кон веќе поставените методи за работа, да сте спремни за промена и секогаш да оставате простор за подобрување.

Човечки ресурси

Како начин за привлекување, развивање и ангажирање на што повеќе неверојатни таленти кои се потребни за раст на нашиот бизнис, департманот за Човечки Ресурси нуди можности во три клучни области. Би можеле да изградите кариера во бизнисот за човечки ресурси помагајќи им на менаџерите да ги подобрат комерцијалните перформанси преку луѓето. Или можеби вашата страст лежи во областа за специјалист по Човечки Ресурси, како што се вработувањето или обуките и развојот. Конечно, можете да се приклучите кон нашиот Центар за проширување на Нестле Групацијата, групата која ги уверува нашите вработени дека некој друг се грижи за нивните најбитни потреби, па согласно  тоа, тие би можеле да се фокусираат на она во кое се најдобри.

Информациони Системи/Информациони Технологии (ИС/ИТ)

Како дел од нашиот ИС/ИТ тим, од вас се очекува максимално да го искористите вашиот технички потенцијал. Еден од клучните канали на кои ќе мора да работите е нашиот GLOBE-тим. GLOBE претставува светски бизнис и иницијатива за содавање на заеднички и најдобри практики и инфраструктури. Како дел од GLOBE, ќе ни се приклучите кон проект тимот кој работи со цел да постави најдобри Бизнис Практики и Процеси со помош на систем и технологија. Бидете подготвени за многу предизвици и работа со колеги од различно потекло со цел да ги реализирате вашите идеи.

Синџир за Снабдување

Целта на нашиот Синџир за Снабдување е да се ре-инвентира самиот себеси. Стануваме вистински растечки партнер, осигурувајќи се дека секој контакт со потрошувачот е ставен на одбор со нашите промени, партнерството со Продажба и зајкнувањете на нашата посветеност до совршенство. Сите овие промени покажуваат дека бараме нов вид на професионалец за синџирот за набавка. Како таков, би можеле да ни се придружите во било која од многубројните улоги – специјалист за услуги на потрошувачите, планер за побарувачка или планер во синџирот за снабдување. Главната поента е да не доближите уште повеќе до потрошувачите на тој начин што ќе бидете сигурни дека нашите производи се таму во вистинско време и во исправна состојба.