Маркетинг

Ние претставуваме бизнис изграден врз основа на брендови. Како што се одвиваат нашите напори за градење на брендот, така и нашиот Маркетинг тим е сосредоточен на она што го правиме. „Создавањето на брендот Нестле“ е специфичен процес кој посебно ја нагласува нашата маркетинг стратегија во индустријата,  од комерцијална гледна точка и точка на кариера.

Се започнува од потрошувачот. Водени од посветеноста кон задоволните потрошувачи, мораме да бидеме сигурни дека знаеме кои се тие навистина, што прават и зошто го прават тоа. Имањето увид во тоа и одредувањето насока се само почеток. Во с’ржта на сите наши бренд-активности лежи единствена, моќна „Голема Идеја“, за поддршка на визијата за брендот и за усогласување на сите внатрешни и надворешни страни кои се вклучени во задоволувањето на потрошувачите. А големото извршување започнува со планирање. Така, напорно работиме со нашиот тим за Клиенти и Продажба за да достигнеме силни, функционално усогласени планови кои ќе не доведат до незаборавни остварувања.

Можноста

Со сите овие активности и со над 2,000 водечки брендови за управување, нашиот Маркетинг тим е местото на кое треба да бидат дипломираните студенти кои се фокусирани на брендот. Не само што ќе бидете дел од тимот кој работи со KitKat, Nesquik, Nescafé и други познати брендови, туку ќе ви бидат пружени и огромни можности исто така. Можете да започнете како маркетинг асистент или помлад бренд-менаџер, или пак би можеле да ни се придружите во потрошувачкиот увид и маркетинг комуникациите. Би можеле да се приклучите во комерцијалниот или генералниот менаџмент како што многу од нашите бизниси и пазари го направија тоа, или би можеле да следите некоја поспецијализирана рута, на пример фокусирање на потрошувачкиот увид.

Предизвикот

Без оглед на тоа која насока ќе ја прифатите, ќе треба да го споделите нашето верување во подобрување на животот на другите. Со силно академско знаење и со одлични комуникаторски способности, ќе се соочувате со предизвици и ќе им влијаете на луѓето околу вас со вашата позитивна енергија, идеи и отворен ум. Најмногу ќе ни помогнете во градењето на нашиот бизнис, бренд по бренд.

Поврзана информација:
Интернационална Програма за Развој – Маркетинг и Продажба