Клиенти и Продажба

Со повеќе од милијарда продажни единици на ден, имаме незаменлива длабочина и распространетост на експретизата во брзо променливиот сектор за потрошувачки добра. Имаме широка надлежност во тимот за Клиенти и Продажба. Како што менаџираме со одредени категории и купувачи, односите со самите купувачите и патот до пазарните стратегии, така управуваме и со продажните активности и со синџирите за набавка. Сите овие области се фокусирани на задоволување на потрошувачите и осигурување дека нашите производи се во беспрекорна состојба во моментот на купување.

Можноста

Постојат огромни можности во нашиот тим за Клиенти и Продажба за градење на вашата кариера. Првата работа за која треба да се одлучите е каде ќе ни се приклучите. Тоа би можело да биде како Продажен Аналитичар, превземајќи ја одговорноста за анализирање на продажните трендови, потоа како Територијален Продажен Менаџер, управувајќи со продажните тимови и вложување напори во продажните области, како Клучен Специјалист или како Специјалист во одредена Категорија, помагајќи да се оформат нашите категориски стратегии.

Тука навистина има мноштво избори за тоа каде да започнете – и подеднаков број на дестинации кон кои ќе целите. Можете да го следите патот на потрошувачкиот ангажман и да се фокусирате на градењето врски со потрошувачите. Можеби пак вашата страст се однесува на  дистрибутивната мрежа. Или можеби ќе одлучите да се придвижите кон нашиот Маркетинг тим за потоа да стекнете искуство во двете комерцијални области што би претставувало отскочна даска за во главниот менаџмент.

Предизвикот

Каде и да ги поставите своите видувања, ќе ви биде потребна психичка подготвеност, доверба и уште неколку лични карактеристики. Енергијата на тимот ни помага да опстанеме покрај нашите конкуренти, па ќе биде потребно да го споделите вашиот квалитет доколку сакате да се истакнете овде. Поткрепете ги овие можности со вашата интелектуална љубопитност за пронаоѓање нови решенија и највисок стандард за интегритет, па на тој начин би имале уникатен придонес кон тимот.

Поврзана информација:
Интернационална Програма за Развој – Маркетинг и Продажба