Интернационални програми

Првата одлука која треба да ја направите е да откриете каде лежи вашата страст, вашиот жар. Секоја година во нашето седиште во Швајцарија, одбираме исклучителни дипломирани студенти кои ги праќаме на одредени меѓународни програми за развој во разни оддели од нашиот бизнис. Акцентот овде е ставен на зборот “исклучителни”.

Можноста

Повеќе од една третина од членовите на нашиот Извршен Одбор ја започнале својата кариера во Нестле како дипломирани студенти. Со тоа што би ја започнале својата кариера во Нестле преку овие програми, би можеле да бидете еден од идните лидери на нашите бизниси.

Предизвикот

Без разлика која е областа која ви го привлекува вниманието, ќе треба да ни покажете дека ја споделувате нашата вредност, но и дека имате сопствени, карактеристични силни страни. Нестле дипломците се издвојуваат преку нивната волја, страст и интелигенција – и тоа е стандард со кој мора да се сретнете. Ќе биде потребно да го комбинирате академскиот успех со силните јазични вештини или со некое значајно стажирање/професионално искуство.

Дознајте повеќе за нашите меѓународни програми и областите кон кои можете да ни се придружите:

• Програма за Меѓународен Развој (ПМР) – Маркетинг и Продажба
• Нестле Ревизорска Група
• Инженерство
 

Меѓународна Програма за Развој (МПР) – Маркетинг и Продажба

МПР – Маркетинг и Продажба е департман кој ви пружа уникатна можност за да работите со познатите брендови и со колеги-истомисленици, подобрувајќи им го животот на луѓето, секаде, секој ден.
Преку тоа што би биле дел од МПР - Маркетинг и Продажба би се стекнувале со разновидно меѓународно искуство од областа на комерцијата и би ги развиле своите лидерски способности во рана фаза од вашата кариера. Ќе ги превземете одговорностите кои се во постојан пораст во департманот Продажба и Маркетинг. Ќе работите на милион брендови во различни категории, ќе бидете вклучени во преговорите со нашите потрошувачи, менаџирајќи ги сопствените проекти и водејќи ги луѓето во разни земји и разни опкружувања. Вашите идеи се оние кои ќе ја оформуваат иднината на Нестле.

Преглед на МПР –Маркетинг и продажба

Главното седиште на Нестле. Препознавање на глобалната визија на компанијата – 6 месеци.
Ќе му се приклучите на еден од стратешките бизниси единици во Нестле седиштето за да искусите како функционира Нестле во глобална смисла.

 
Пазар 1. Градење на вашиот комерцијален акјумен – 18 месеци. За време на вашата прва задача на еден од пазарите на Нестле ќе поминете низ 3 ротации – Продажба, Канал Категорија за развој на Продажба и Маркетинг за Потрошувачи. Како резултат на тоа, ќе се стекнете со искуство во традиционалната и модерна трговија, ќе дознаете повеќе за развојот на  динамиката и увидот во различни канали и категории и ќе управувате одреден производ додека истиот не навлезе во Маркетинг и Бренд Менаџментот.

Пазар 2. Подготовка за постојано работно место – 18 месеци
Ќе ви биде доделено одредено работно место или конкретен проект со огромен обем на одговорности, како проект менаџер во маркетинг или продажба. Ќе ги изострите сопствениот комерцијален акјумен и лидерски вештини преку решавање одредени задачи и проекти.

Континуирано учење
Уводните програми се создадени за да ви го олеснат адаптирањето на новата околина, новите луѓе и култура. Исто така ќе поминете низ поголем број тренинзи и обуки во Маркетинг и Продажба, Лидерство и Менаџмент за Човечки Ресурси во нашиот Меѓународен Центар за Обука и на пазарот за кој  сте определени.

 Ова претставува одлична програма која ви нуди милиони можности и за персонално и за професионално надоградување, но мора да ја имате способноста и волјата да се прилагодите, да учите брзо...
Кликнете тука за да продолжите со читање: Александар, Бренд Менаџер за Кулинарство, Централно-Западен Африкански Регион (ЦЗАР)

Перформанси и вреднување на талентот. Одговорност кон сениор-менаџерот.
Без разлика кога ќе започнете со вашата задача, веќе ќе ги имате јасно поставено целите за следната фаза. Формалните или неформални повратни информации ќе ви помогнат да ги достигнете највисоките резултати. Сениор менаџерите ќе дадат се од себе за да ви пружат можност да се запознаете со работата, со вашиот прогрес и со резултатите. Како дел од МПР вашиот развој и кариера ќе бидат надгледувани од страна на сениор менаџерите од главното седиште на Нестле.

 
Менторство и Тренинг
Ментор од нивото на сениор менаџментот ќе ве советува, ќе го води и поддржува развојот на вашата кариера за време на програмата. Освен тоа, ќе имате обучувач на пазарот за кој сте определени па на тој начин ќе можете полесно да се прилагодите на новата околина и култура.

Нови предизвици и нови улоги...
После успешно завршување на програмата ќе продолжите со нови задачи на меѓународно ниво во различни земји на секои три до пет години. Зависејќи од сопствените перформанси, искуство и од изгледите на вашата кариера би можело да ви биде доделена одговорност за управување со посебен бренд, на пример, KitKat или управување со тим од продажба или би биле одговорни за некој од трговците на мало. И повеќе од тоа... Ако се издигнете над поставените предизвици, можете да стигнете до Менаџер за Продажба, Маркетинг Менаџер или да бидете Главни во определен бизнис.

Каков човек бараме?
Овој фасцинирачки и предизвикувачки пат бара јасно поставени аспирации и начин на размислување за градење меѓународна кариера. За да се прилагодите на оваа околина треба да сте човек кој ужива во предизвици, треба да ве интересира водењето на други луѓе, да ја сакате различноста, да ја имате способноста постојано да учите без оглед на разните контексти и да имате силни аналитички и комуникациски вештини. Други битни работи кои спаѓаат овде се неодамнешен завршен Универзитетски степен (Магистерски науки), а идеално би било тоа да се Економски или Бизнис Администрација, да имате до две години искуство во полето на Продажба или Маркетинг, да зборувате одлично англиски јазик и други два јазика (едниот од нив треба да биде некој од широкоупотребуваните јазици) и добро да ја разбирате брзо-движечката индустрија за потрошувачки добра.

Процес на аплицирање.
Апликацијата за МПР – Маркетинг и Продажба, ќе биде отворена во Јануари 2013.

Нестле Ревизорска Група

Како и што би очекувале од Нестле, нашиот одбор за ревизија е од светска класа. Нашата Ревизорска Група ја зголемува вредноста и на нашите најпретпоставени менаџери и на нашите пазари ширум светот. Како и да е, тоа е само почетокот. Како што ќе откриете, дипломираните студенти од нашата Ревизорска Група се широко ценети во бизнисот. Лесно  е и да се увиди зошто.

Искуството на Нестле Ревизорската Група
Како меѓународен Нестле Ревизор, ќе бидете во допир со некои од клучните активности и тимови во рамките на Групата. Ќе се стекнете со знаење за оперативната ефикасност, внатрешните контроли и за усогласените случаи во Продажба и Маркетинг, Синџирот за Снабдување, Производство, Финансии и уште многу повеќе. Ќе можете да ги подобрите нашите процеси и да ја олесните примената на најдобрите практики. А ќе можете да го примените тоа не само на едно место, туку насекаде низ светот.
Освојте некое место во нашата Нестле Ревизорска Група и брзо ќе станете ценет член од тимот. Тоа е искуство кое зборува само по себе. Нашите ревизори работат – а често и живеат – во тесно поврзани тимови, споделувајќи го притисокот и успехот од завршената работа до бараните рокови. Успех во вакво опкружување би значело дека за две години можеби ќе водите некој од овие тимови и би презеле одговорност за некој ваш ревизорски проект.

Континуирано учење
Нормално дека прво ќе процениме дали сте се подготвени комплетно за оваа одговорност. Преку тренинг на самото работно место од страна на вашиот Тим-лидер и со обука соодветна за вашиот оддел која ги опфаќа ревизорските методологии, SAP-апликации, техники за преговори, проект менаџмент и преглед на процесите, би станале професионален ревизор. Ова ќе биде спроведено со континуиран осврт кон вашите перформанси и оценувачка менторска програма и за отприлика 4 години ќе бидете подготвени за вашата бизнис позиција. Ова може да се однесува на Финансии и Контролинг, Маркетинг и Продажба, Синџирот за Снабдување или Инженерство и Техника – во речиси секоја земја во светот.

НРГ ми понуди единствена можност да се запознаам со различни активности, култури, видови на потрошувачи и бизнис модели...
Кликнете овде за да продолжите со читање Gaetan, Corporate Controller Nespresso France, NGA alumni 2011

Kaкoв човек бараме?
Секако дека не очекуваме да ни се приклучите како “готов производ“ овде. Како и да е, ќе треба да направите комбинација од Мастер студии по Бизнис или Финансии, а идеално би било да имате од полето на Финансии или Ревизија, да зборувате течно англиски јазик и уште два дополнителни европски јазици на високо ниво. Исто толку важно е, дека ќе треба да сте флексибилни со патувања, јакнење на својот карактер и развивање меѓународна кариера која повеќе се опишува како начин на живот отколку како работна улога.

Процес на плицирање
Аплицирајте онлајн (пребарувајте Меѓународен оператиовен ревизор) Процесот за аплицирање е во отворање.

Инженеринг

Нашите инженери се во класата на најдобро обучените и луѓе кои најмногу патувале во светот.

Можноста
Доколку и се приклучите на нашата Инженерска Програма ќе бидете запознаени со нашите практики и технологии преку три или четири места во фабриките на Нестле и преку обука од страна на специјализиран тренер во нашето седиште во Швајцарија и Меѓународниот Тренинг Центар. После оваа четири до шестмесечна ориентација овде, ќе се посветите на вашата прва задача која би траела две до три години.

Така, животот станува многу интересен. Вашата инженерска задача може ќе биде во една од нашите фабрики ширум светот, работејќи во департманот за инженерство, уверување за квалитетот или департманот за производство – во се, почнувајќи од процесирање на храна до пакување и смрзнување/ладење. Алтернативно, би можело да ви биде доделена задача за изградба на нова фабричка линија или продолжување на некој постојна. Или можеби ќе бидете предодредени во некој од нашите Центри за Производна технологија фокусирајќи се на процесниот и продуктиниот развој.

Како ќе се развива вашата кариера зависи од експертизата со која ќе се стекнете со тек на време, од вашите желби и од вашата професионална позадина. Како Механички или Процесен инжењер, може да станете Проект-Инжењер конструирајќи и пуштајќи во работа нови проектни линии, комуналии или фабрики. Ако пак одлучите да се фокусирате на одредена  област или производен процес можеби ќе станете Специјалист за Инженерство. Или може да бидете Фабрички Инжењер, одговорен за инсталација или одржување и поправки. Сите овие опции ќе ви овозможат да стигнете до Главен Инжењер на Нестле пазарот, да водите одредена техничка специјалност или да станете Фабрички или Инженерски Менаџер.

Ако имате предзнаење од областа на микробиологијата, хемијата, технологијата за храна или од некое слично поле, имате различни опции. Би можеле да станете Специјалист за Квалитет, воведувајќи го Нестле Системот за Квалитет на локалните пазари. Или би можеле да останете запаметени како Производен Специјалист работејќи со сурови материјали, рецепти и процеси и да делувате како врска помеѓу фабриката и Истражувањето и Развојот на производот. Повторно ќе кажеме дека овие опции ви отвараат огромен број насоки за вашата кариера, вклучувајќи Фабрички Менаџер, Главен менаџер за Фабрички Квалитет или Главен менаџер на Производство.

Предизвикот
Без оглед на тоа дали вашето академско знаење е од областа на механичкото, процесното или индустриското и хемиското инжењерство, не ги потценувајте потребите на меѓународниот пазар, затоа што брзото прилагодување на различните култури не е секогаш лесно. Битно е да се комбинира приодот со течниот англиски јазик со други два јазика.