Инженеринг и ИР

Со вашата силна позадина во процесниот, механичкиот или хемискиот инженеринг, ќе имате пристап до неверојатни технологии, процеси и инсталации. Продуктивни и фокусирани тимови ќе бидат основата за вашиот прогрес. Постојат неколку можности да споделите знаење и експертиза. Ќе бидете вклучени во развивањето на процесите за инженерски решенија, почнувајќи од развојот на сосема нов производ, па се до нивно пуштање во употреба, развој на иновативни методи за преработка на храна, како и обезбедување поддршка за инвестициски проекти и техничка помош на фабриките ширум светот.

Нестлé центри за производна технологија (ЦПТ)

 
Како што сугерира и самиот наслов, нашата ЦПТ обезбедува технички развојна експертиза за нашиот производ, производните и пакувачки процеси. Овој развој игра клучна улога во одржување на нашиот долгогодишен раст. Така да не претставува лесна задача фактот дека  нашата широкораспространета мрежа на ЦПТ има толку висок профил во рамките на бизнисот.

ЦПТ се вметнати во секој наш сектор во кој работиме. Секоја ЦПТ е усогласена со соодветен Нестле бизнис, а на тој начин се обезбедува експертиза за назначените производни категории. Како такви, подоцна преминуваат во глобален центар за тој вид производ и развоен процес. На пример, во Швајцарија обезбедуваме широкораспространета know-how технологија за кафе, пијалоци, житарки, млечни и прехранбени продукти. 

Нестлé Групи за Аплицирање

Во прилог на индивидуалните Нестле фабрики, Групата за Аплицирање се уверува дали нашите продукти ги одразуваат локалните вкусови. Тие исто така соработуваат со ЦПТ за да ги тестираат научните апликации што е можно поблиску до крајниот потрошувач. Ако размислувате каде е најдобро да започнете техничка кариера со Нестле, Групата за Аплицирање може да биде одговорот. Ќе се сретнете со голем број на категории, учејќи за се – почнувајќи од грижа за миленичиња со Purina, кафе со Nespresso или Nescafe, вода со Vittel или SanPellegrino, па се до чоколада со KitKat.

Пакување

Пакувањето е многу битно заради заштитување на храната и заради одржување на нејзината свежина, а при чинот на купување и самите потрошувачи се информираат за исхраната и за заштита на околината. Со вашето предзнаење за пакување (материјали или машини), ќе бидете вклучени во равојот на методите за пакување кои трошат помалку енергија и кои се помалку штетни, кои вршат редукција во тежината, во развојот на нови производни процеси, материјали за пакување кои можат да се рециклираат, вклучувајќи и алтернативни иновативни материјали од обновливи извори. Оваа работа се однесува на развој, дизајн, одржување на машините, поддршка при инсталација на истите и уште многу други работи.

Специјалист за системи и Истражување и Развој

Со завршени магистерски студии од областа на Инжењерството или нешто слично, плус две до три години професионално искуство, или неколку пракси, би внеле ценето знаење овде. Ова би можело да се однесува на експертиза во флуидна динамика, маса и пренос на топлина, производство, Истражување и Развој, системи, проект менаџмент или пакување (флексибилни, алуминиумски пакувања, калапи и слично). Сакајќи да ги развиеме вашите технички вештини, ќе ве споиме со соодветниот проект тим (кафе, слатки и сл.) и ќе се вклучите во проект менаџментот за време од неколку години.

Поврзани информации:
Интернационална Програма - Инженеринг