Зошто да работите во Нестле

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПРИКАЗНАТА НА ЕЛЕНА: „Никогаш не постои досаден момент во дипломскатата програма на Нестле.“

Некои дипломирани студенти се водени од својот ум. Други од нивното срце – од страста да се влијае врз светот и да се оформи бизнис. Во Нестле, ја имате шансата да се изградите и на двата начина – професионално и персонално, интелектуално и емоционално.

Можноста

Без разлика дали ќе ни се придружите во нашиот Маркетинг департман или департманот за Клиенти и продажба, Инженеринг, Финансии, Човечки Ресурси или пак во било кој друг оддел, ќе стигнете до с’ржта на еден од нашите клучни бизниси. Може да станете дел од локалната или меѓународната програма за развој, но на еден или на друг начин, секако ќе стигнете до јадрото на работењето на светската водечка компанија за Исхрана, Здравје и Убавина. И поради тоа што претставуваме разновиден бизнис со глобален начин на размислување, би дознале како наоѓаме бенефит од различните култури и новите локални перспективи.
Ќе ви откриеме дека нашите влезни позиции имаат некои заеднички карактеристики. Индивидуалната одговорност и самостојност се основите на живот овде. Така, додека имате обука од страна на најдобрите во својата класа, ќе го постигнете најдобриот развој и обука на работно место.

Предизвикот

Успех овде би претставувало споделување на нашата страст за подобрување на животот, а тоа значи да превземете одговорност над својата иднина и да останете отворени за уникатните можности за учење со кои ќе се сретнете. Ние ги охрабруваме нашите луѓе да го сфатат својот пат кон кариерата како едно патување. Во тек се и можностите да се засили, да се истакне вашиот карактер или да се продлабочат вашите вештини. Флексибилноста и способноста да се погледне подалеку се од суштинско значење. Но, како што се имаме уверено, со над 2,000 водечки брендови и страст за подобрување, ништо не мирува  долго во Нестле – особено не младите талентирани професионалци.