Известување за приватноста на податоците на Нестле

ОПСЕГ НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ
 
Ве молиме внимателно да го прочитате ова известување за приватноста на податоците (во понатамошниот текст "Известување") за да ги разберете нашите упатства и процедури во врска со вашите лични податоци и како ќе ги третираме. Ова известување се однесува на лица кои комуницираат со услугите на Нестле како потрошувачи (во понатамошниот текст "Вие"). Ова известување објаснува како вашите лични податоци се собираат, користат и обелоденуваат од страницата Нестле Адриатик Македониа д.о.о.е.л. Скопје, Булевар 8. Септември 16 (во понатамошниот текст "Нестле", "Ние", "Нас"). Исто така ви кажува како можете да пристапите и да ги ажурирате вашите лични податоци и да направите одредени избори кога станува збор за користењето на вашите лични податоци.

Ова известување ги опфаќа нашите активностите за собирање на податоци и онлајн и офлајн, вклучувајќи лични информации кои ги собираме преку разни канали, како што се веб-страници, апликации, социјални мрежи од трети лица, Службата за комуникација со потрошувачите, продажни места и настани. Имајте на ум дека можеме да собираме лични податоци од различни извори (од веб-страници, офлајн). Како дел од ова, ние ги комбинираме личните податоци првично собрани од различни правни лица на Нестле или партнери на Нестле. Погледнете во делот 9 за повеќе информации за тоа како да го спречите ова.

Доколку не ни ги доставите потребните лични податоци (ние ќе ве известиме кога ова е случај, на пример, на тој начин што на оваа информација ќе ја наведеме јасно во нашите формулари за регистрација),  ми можеби нема да можеме да ви ги обезбедиме нашите услуги Ова известување може да се менува од време на време (види Дел 11).
 
Ова известување дава важни информации од следните области:

1. ИЗВОРИ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

2. ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ ЗА ВАС И КАКО ГИ СОБИРАМЕ

3. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЦА

4. КОЛАЧИ / СЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ, ЛОГ ДАТОТЕКИ И ВЕБ СЛЕДАЧИ (ВЕБ БИКОН)

5. УПОТРЕБА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

6. ОДАВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

7. ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

8. ЧУВАЊЕ И / ИЛИ ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

9. ПРИСТАП ДО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

10. ВАШИОТ ИЗБОР ЗА ТОА КАКО ЌЕ ГИ КОРИСТИМЕ И ОТКРИВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

11. ИЗМЕНА НА НАШЕТО ИЗВЕСТУВАЊЕ

12. КОНТРОЛОРИ НА ПОДАТОЦИ И КОНТАКТ

1. ИЗВОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ова известување се однесува на личните податоци што ги собираме од вас или за вас, преку методите опишани подолу (види дел 2) од следните извори:

Нестле веб-страница. Страниците насочени кон корисници управувани од Нестле, вклучувајќи и страници, кои ги уредуваме под нашите домени / URL адреси и мини-страници кои ги користиме на социјалните мрежи од трети лица, како што се Facebook (во понатамошниот текст "Веб-страници").

Нестле мобилни страници / апликации. Мобилни веб-страници или апликации кои се насочени кон корисници, управувани или користени од Нестле, како што се апликации за паметни телефони.

Е-пошта, текст и други електронски пораки. Интеракција преку електронска комуникација помеѓу вас и Нестле.

Нестле CES. Комуникација со нашиот Центар за комуникација со потрошувачите (во понатамошниот текст "CES").

Офлајн формулари за регистрација. Печатена или дигитална регистрација и слични формулари кои ги собираме, на пример, преку обична пошта, демоснимки во продавницата, натпревари и други промоции или настани.

Рекламна интеракција. Интеракции со нашите огласи (на пр. Доколку реагирате на некоја од нашите реклами на веб-страница од трета страна, може да добиеме информации за оваа интеракција).

Податоци кои ги создаваме. Во текот на нашите интеракции со вас, можеме да создадеме лични податоци за вас (на пример Евиденција за вашите набавки од нашите веб-страници).

Податоци од други извори. Социјалните мрежи од трети лица (на пр. Facebook, Google), истражување на пазарот (доколку анонимно не даваат повратни информации), агрегатори на податоци од трети лица, промотивни партнери на Нестле, јавни извори и податоци добиени кога купуваме други компании.

2. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ ЗА ВАС И КАКО ГИ СОБИРАМЕ

Во зависност од тоа како соработувате со Нестле (онлајн, офлајн, телефон итн.), ние собираме различни типови на информации од вас, како што е опишано подолу.

Лични информации за контакт. Ова ги вклучува сите информации што ни ги доставувате, што ќе ни овозможат да ве контактираме, како што се вашето име, поштенска адреса, e-пошта адреса, детали за социјалните мрежи или телефонски број.

Информации за пријавувањето на сметка. Сите информации потребни за да ви овозможат пристап до профилот на сметката. Примерите ги вклучуваат вашиот кориснички ID / e-пошта адреса, прекар, лозинка во неповратна форма и / или безбедносно прашање и одговор.
 
Демографски информации и интереси. Сите информации кои ги опишуваат вашите демографски карактеристики или однесување (примерите вклучуваат датум на раѓање, старост или возраст, пол, географска локација Поштенски број / зип код, омилени производи, хобија и интереси и информации за домаќинството или начинот на живот).

Информации за компјутерот / мобилниот уред. Секоја информација за компјутерскиот систем или друг технолошки уред што го користите за да пристапите на некоја од нашите веб-страници или апликации, како што се адресата на Интернет протоколот (IP) што се користи за поврзување на вашиот компјутерот или уредите со Интернет, типот на оперативниот систем и типот на пребарувачот и верзијата. Доколку пристапите до веб страната или апликацијата на Нестле преку мобилен уред како паметен телефон, собраните информации исто така ќе вклучуваат, каде што е дозволено, единствениот ID на уредот, ID на рекламата, географската локација и други слични податоци за мобилниот уред.

Веб страници / информации за употребата на комуникациите. Додека се движите и комуницирате со нашите веб-страници или билтени, ние користиме автоматизирани технологии за собирање на податоци за да собереме конкретни информации за вашите постапки. Ова ги вклучува информациите како што се линковите што ги кликате, кои страници или содржини ги гледате и колку долго, како и други слични информации и статистики за вашите интеракции, како што се времето за одговор на содржината, преземањето грешки и должината на посети на одредени страници. Овие информации се снимаат со користење на автоматизирани технологии, како што се колачиња и веб бикони. Вие имате право да се спротивставите на користењето на таквите технологии, за повеќе детали, видете Дел 4.

Истражување на пазарот и повратни информации од потрошувачите. Сите информации што доброволно ги споделувате со нас за вашето искуство со користењето на нашите производи и услуги.

Содржина создадена од потрошувачот. Секоја содржина што ја креирате, а потоа ја споделите со нас на социјалните мрежи од трети лица, или ако ја поставите на некоја од нашите веб-страници или апликации, вклучувајќи ја и употребата на апликациите на социјалните мрежи од трети лица, како што е Facebook. Примерите вклучуваат фотографии, видеа, лични приказни или други слични медиуми или содржини. Онаму каде што тоа е дозволено, ние ги собираме и објавуваме содржини што ги создава потрошувачот во врска со разни активности, вклучувајќи натпревари и други промоции, карактеристики на веб-страниците, ангажман на потрошувачите и социјалните мрежи од трети лица.

Информации за социјалните прежи од трета страна. Сите информации јавно споделени на социјалните мрежи од трети страни или информации кои се дел од вашиот профил на социјалната мрежа од трети страни (како што е Facebook) и кои дозволуваат социјалните мрежи од трети страни да ги споделат со нас. Примерите вклучуваат основни информации за сметка (на пример име, e-пошта адреса, пол, роденден, град каде што живеете, сликата на профилот, корисничко име, листа на пријатели итн.) и сите дополнителни информации или активности кои дозволувате да ги користат социјалните мрежи од трети лица. Информациите за профилот на трети страни на социјалната мрежа (или делови од него) добиваме секој пат кога ќе ја симнете или комуницира со Нестле веб апликација на социјалната мрежа од трети страни, како што се Facebook, секој пат кога ќе го користат социјална мрежа која е интегрирана во рамките на страницата на Нестле (како што е Facebook Connect) или секој пат кога комуницирате со нас преку социјалната мрежа на трета страна. За да дознаете повеќе за тоа како Нестле ги добива вашите информации од социјалните мрежи од трети страни, или да одберете да не се споделат информации на социјалните мрежи, посетете ја веб-страницата на релевантната социјална мрежа на третата страна.

Плаќање и финансиски информации. Секоја информација што ни е потребна за извршување на нарачката или која ја употребите при купување, како што се информации за дебитни или кредитни картички (име на сопственикот на картичката, број на картичка, датум на истекување итн.) или други форми на плаќање (доколку се достапни). Во секој случај, ние или лицата кои ги обработуваат плаќањата за нас се занимаваат со информациите за плаќањата и финансиски информации на начин кој е во согласност со важечките закони, регулативи и стандарди за безбедност, како што се PCI DSS.

Повици кон Службата за комуникација со потрошувачите. Комуникацијата со CES може да се снима или да се слуша во согласност со важечките закони за локални оперативни потреби (на пример за потребите на квалитетот на испораката на услуги). Кога тоа го налага законот, ќе бидете известени за таква снимка на почетокот на вашиот повик.

Чувствителни лични податоци. Ние не се обидуваме да собираме или на друг начин да обработуваме чувствителни лични податоци во обичниот тек на нашето работење. Кога е неопходно да ги обработиме вашите чувствителни лични податоци од која било причина, ние се потпираме на ваше претходно изјаснување за каква било обработка која е доброволна (на пр. за маркетинг цели). Доколку ги обработуваме вашите чувствителни лични податоци за други цели, ние се потпираме на следните правни основи: (i) откривање и спречување криминал (вклучувајќи спречување на измами); и (ii) усогласеност со применливиот закон (на пример во согласност со нашето известување за различностите).

3. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЦА

Ние не бараме и не собираме лични податоци за деца помлади од 16 години со намера. Доколку откриеме дека случајно сме собрале лични податоци за дете помладо од 16 ние веднаш ќе ги отстраниме личните податоци на детето од нашите записи. Сепак, Нестле може директно да собира лични податоци за децата на возраст под 16 години од родителот или старателот, со експлицитна согласност од тоа лице.

4. КОЛАЧИЊА / СЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ, ЛОГ ДАТОТЕКИ И ВЕБ БИКОНИ

Колачиња / слични технологии. Ве молиме погледнете го нашиот напис за колачиња [вметнете хиперврска] за да дознаете како можете да управувате со подесувањата за колачиња и за детални информации за колачињата што ги користиме и целите за кои ги користиме.

Лог датотеки. Ние собираме информации во форма на лог датотеки што ги евидентираат активностите на веб-страница и собира статистички податоци за вашите навики за пребарување. Овие записи се генерираат автоматски и ни помагаат да ги решиме грешките, да ги подобриме перформансите и да ја одржиме безбедноста на нашите Веб-страници.
 
Веб бикони. Веб биконите (исто така познати како "webbags") се мали низи од код кој доставува графичка слика на веб-страница или во е-пошта за пренос на податоци назад кон нас. Информациите собрани преку веб бикони вклучуваат информации како што се IP адреса, како и информации за тоа како сте одговориле на е- пошта кампањата (на пример Кога е отворена е- пошта, на кои линкови (врски) сте кликнале во е-пошта итн.). Ние ќе ги користиме веб биконите на нашите веб-страници или ќе ги вклучиме во е-пошта што Ви ги испраќаме. Ние ги користиме информациите од веб бикони за различни цели, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на тоа, известување за посети на сајтот, единствен број посетители, рекламирање, преглед на е-пошта и известување и персонализација.

5. УПОТРЕБА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Следните ставови ги опишуваат различните цели за кои ги собираме и ги користиме вашите лични податоци, како и различните видови на лични податоци собрани за секоја намена. Имајте на ум дека не сите овие намени се релевантни за секој поединец.

 

За што ги користиме вашите лични податоци

Наши причини

Наши легитимни интереси

Услуги кои им ги нудиме на потрошувачите. Ние ги користиме вашите лични податоци за потребите на потрошувачките услуги, вклучувајќи го и одговорот на вашите прашања. Ова обично бара употреба на одредени лични податоци за контакт и информации во врска со причината за вашите прашања (на пр. Статусот на нарачката, технички проблем, прашање / жалба за производот, општи прашања итн.).

  • Исполнување на договорени обврски
  • Законски обврски
  • Наши легитимни интереси

 

  • Подобрување и развој на новите производи
  • Подобрување на ефикасноста

 

Натпревари, маркетинг и други промоции. Со ваша согласност (каде што е потребно), ние ги користиме вашите лични податоци за да ви обезбедиме информации за добра или услуги (на пример Маркетинг комуникации или кампањи или промоции). Ова може да се направи преку е-пошта, реклами, SMS, телефонски повици и писма до степен дозволен со важечките закони. Некои од нашите кампањи и промоции се пуштаат на страниците на трети лица и / или социјалните мрежи. Оваа употреба на вашите лични податоци е доброволна, што значи дека може да се спротивставите (или да ја повлечете вашата согласност во одредени земји) на обработката на вашите лични податоци за таа цел. За подетални информации за тоа како да ги промените вашите преференции за маркетинг комуникациите, видете ги деловите 9 и 10 подолу. За повеќе информации за нашите натпревари и други промоции, ве молиме погледнете ги официјалните правила или деталите објавени за секој натпревар / промоција.

  • Со ваша согласност (таму каде што е потребно)
  • Исполнување на договорени обврски
  • Наши легитимни интереси
  • Да утврдиме кои од нашите производи и услуги може да ве интересираат и да ве известиме за нив
  • Дефинирање на типовите на потрошувачи за новите производи или услуги

Социјални мрежи од трети лица: Ние ги користиме вашите лични податоци кога комуницирате со функциите социјалните мрежи од трети лица, како што се функциите “Ми се допаѓа“ (Like), за да ги насочиме реклами кон вас и да се поврземе со вас на социјалните мрежи од трети лица. Можете да дознаете повеќе за тоа како функционираат овие функции, податоците од профилот што ги добиваме за вас и да дознаете како да се откажете од прегледувањето на известувањето за приватност на релевантни социјални мрежи од трети лица.

  • Со ваша согласност (таму каде што е потребно)
  • Наши легитимни интереси

 

  • Да утврдиме кои од нашите производи и услуги може да ве интересираат и да ве известиме за нив
  • Дефинирање на типовите на потрошувачи за новите производи или услуги

Персонализација (онлајн и офлајн). Со ваша согласност (каде што е потребно) ги користиме вашите лични податоци за (i) да ги анализираме вашите желби и навики, (ii) да ги предвидиме вашите потреби врз основа на нашата анализа на вашиот профил, (iii) да го подобриме и персонализираме вашето искуство на нашите веб страници и апликации; (iv) да се осигуриме дека содржината од нашите веб-страници / апликации е оптимизирана за вас и вашиот компјутер или уред; (v) да Ви обезбедиме насочено рекламирање и содржина, и (vi) да ви овозможиме да учествувате во интерактивни функции кога ќе одлучите да го направите тоа. На пример, ние ја запаметивме вашата ID за најава / е-пошта адресата или прекар, за да можете брзо да се регистрирате следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб-страница или да можете лесно да ги вратите артиклите што претходно сте ги поставиле во вашата кошница. Врз основа на овој тип на информации и со Ваша согласност (каде што е потребно), ние исто така Ви покажуваме одредени содржини на Нестле или промоции кои се прилагодени на вашите интереси. Користењето на вашите лични податоци е доброволно, што значи дека може да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци за таа цел. За подетални информации за тоа како да се откажете, ве молиме погледнете го делот 10 подолу.

Други општи цели (на пр. Внатрешно или пазарно истражување, аналитика, безбедност). Во согласност со важечките закони, ние ги користиме вашите лични податоци во други општи бизнис цели како што се одржување на вашата нарачка, спроведување на внатрешно истражување или истражување на пазарот и мерење на ефикасноста на рекламните кампањи. Ние го задржуваме правото, доколку имате Нестле нарачки, тие нарачки да ги сведете во една нарачка. Ние исто така ги користиме вашите лични податоци за управување и работа со нашите комуникациски, информатички и безбедносни системи.

  • Со ваша согласност (таму каде што е потребно)
  • Законски обврски
  • Наши легитимни интереси

 

  • Подобрување на ефикасноста
  • Заштита на нашите системи, мрежа и персонал

Усогласување со законските обврски

Правни причини или спојувања / превземања. Во случај Нестле или неговиот имот да се стекнат или споени со друга компанија, вклучително и преку стечај, ние ќе ги споделиме вашите лични податоци со еден од нашите правни наследници. Ние, исто така, ќе ги откриеме вашите лични податоци на трети лица (i) кога тоа ќе го побара важечкиот закон; (ii) како одговор на судските постапки; (iii) како одговор на барање од агенции надлежни за спроведување на законот; (iv) да ги заштитиме нашите права, приватност, безбедност или имот или јавноста; или (v) да ги исполниме условите на кој било договор или условите на нашата Веб-страница.

  • Законски обврски
  • Наши легитимни интереси

 

  • Усогласување со законските обврски
  • Заштита на нашиот имот и персонал

 

 

6. ОДАВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Освен правните лица на Нестле споменати во делот за контрола на податоци и контакти (види оддел 12), вашите лични податоци ги споделуваме и со следните типови на организации од трети лица:

Даватели на услуги. Ова се надворешните компании кои ги користиме за да ни помогнат при управувањето со нашиот бизнис (на пр. развој на веб-страници, истражување на пазарот, услуги за поддршка, промоции, развој на веб-страници, анализа на податоци, CRC итн.). Давателите на услуги и нивниот одбран персонал можат да пристапуваат и да ги користат вашите лични податоци во наше име за конкретни задачи кои се бараат од нив, врз основа на нашите упатства и се должни да ги чуваат вашите лични податоци. Кога е потребно според важечкиот закон, можете да добиете листа на даватели на услуги кои ги обработуваат вашите лични податоци (видете го делот 12 за да не контактирате).

Компании на трети лица кои ги користат личните податоци за свои маркетинг цели. Освен во околностите кога ја давате вашата согласност, ние не даваме дозвола и не ги продаваме вашите лични податоци на трети лица за нивни маркетинг цели. Нивниот идентитет ќе биде откриен во моментот кога ќе побараме ваша согласност.

Примачи од трети страни кои користат лични податоци поради правни причини или поради спојување / стекнување. Ние ги даваме вашите лични податоци на трети лица од правни причини или во контекст на стекнување или спојување (за детали, види Дел 5).

7. ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во согласност со важечките закони, ние ќе ги користиме вашите лични податоци колку што е потребно за да ги задоволиме целите заради кои вашите лични податоци биле собрани (како што е опишано во Дел 5 погоре) или да се придржуваме кон важечките законски барања. Личните податоци кои се користат за обезбедување персонализирано искуство (видете дел 5 за подетални информации) ќе се чуваат онолку колку што дозволуваат важечките закони.

8. ОДАВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И / ИЛИ ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние ги користиме соодветните мерки (опишани подолу) за вашите лични податоци да бидат доверливи и сигурни. Сепак, имајте на ум дека ваквата заштита не важи за информациите што ќе ги одберете да ги споделите во јавноста, како што се социјалните мрежи од трети лица.

Лица кои имаат пристап до вашите лични податоци. Вашите лични податоци ќе бидат обработени од нашиот овластен персонал или агенти, во зависност од специфичните цели за кои се собрани вашите лични податоци (на пр. Нашиот персонал задолжен за заштита на потрошувачите ќе има пристап до вашата потрошувачка евиденција).

Мерки преземени во оперативни средини. Ние ги чуваме вашите лични податоци во оперативни средини кои користат разумни безбедносни мерки за да се спречи неовластен пристап. Ние ги следиме разумните стандарди за заштита на личните податоци. Преносот на информации преку Интернет, за жал, не е сосема безбеден и иако ние ќе настојуваме да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да ја гарантираме безбедноста на податоците додека ги превземаме преку нашите веб-страници / апликации.

Мерки кои ги очекуваме од вас. Важно е да и вие играте улога во одржувањето на вашите лични податоци безбедни и сигурни. Кога се регистрирате за онлајн сметка, задолжително изберете лозинка за сметката која ќе биде тешко да се погоди и никогаш нема да ја откриете вашата лозинка на никого. Вие сте одговорни за чување на оваа лозинка како доверлива и за каква било употреба на вашата сметка. Доколку користите заеднички или јавен компјутер, никогаш не ја избирајте опцијата за зачувување на вашата ID / e-пошта или лозинка и не заборавајте да се одјавите од вашата сметка секогаш кога ќе завршите со работа на вашиот компјутер. Исто така, треба да ги користите сите поставки за приватноста или контролата што ги нудиме на нашата веб-страница / апликација.

Пренос на вашите лични податоци. Поради меѓународната природа на нашиот бизнис, можеби ќе треба да ги пренесеме вашите лични податоци во рамките на групацијата Нестле, како и на трети страни, како што е наведено во Дел 6 погоре, во врска со намерите што се наведени во ова Известување за приватноста на податоците. Поради оваа причина, ние можеме да ги пренесеме вашите лични податоци во други земји кои можат да имаат различни закони и барања за усогласеност за заштита на податоците во однос на оние кои се применуваат во земјата во која се наоѓате.

9. ВАШИ ПРАВА

Пристап до личните податоци. Имате право на пристап, преглед и пребарување на физичка или електронска копија на информации за вас. Вие исто така имате право да побарате информации за изворот на вашите лични податоци.

Овие права може да се остварат со испраќање на e-пошта info@mk.nestle.com до нас или во писмена форма на адреса Булевар 8. Севтембри 16 Скопје со доставување на копија од вашиот ID или еквивалентни детали (кога тоа се бара од нас и кога е дозволено со закон). Доколку барањето е поднесено од страна на лице во ваше име и не доставите доказ дека барањето е правно поднесено во ваше име, барањето ќе биде одбиено. Ве молиме имајте на ум дека сите информации за идентификација што ни се доставени ќе бидат обработени само во согласност со важечките закони.

Дополнителни права (на пр. измени, бришење на личните податоци). Кога ова е предвидено со закон, може (i) да побарате бришење, преносливост, корекција или ревизија на вашите лични податоци; (ii) ограничување на употребата и објавувањето на вашите лични податоци; и (iii) да се повикаме на која било од нашите активности за обработка на податоци.

Имајте во предвид дека во одредени околности, ние нема да можеме да ги избришеме вашите лични податоци без истовремено да ја избришеме вашата корисничка сметка. Можеби ќе треба да задржиме некои од вашите лични податоци откако ќе побарате бришење, за да ги исполниме нашите правни или договорни обврски. Нам, исто така, може да ни биде дозволено според важечките закони да задржат некои од вашите лични податоци со цел да ги задоволиме нашите деловни потреби.

Кога е достапно, нашите веб-страници имаат посебна карактеристика која ви овозможува да ги гледате и уредувате личните податоци што сте ги доставиле. Имајте на ум дека бараме од нашите регистрирани потрошувачи да го потврдат нивниот идентитет (на пр. ID најава / e-пошта адреса, лозинка) ако има нарачки на клиентите во рамките на нашите веб-страници. Ова помага за да се спречи неовластен пристап до вашата сметка.

Се надеваме дека ќе можеме да одговориме на прашањата за вашите лични податоци. Меѓутоа, доколку имате нерешени прашања, исто така имате право да се жалите до надлежните органи за заштита на податоците.

10. ВАШИ ИЗБОРИ ЗА ТОА КАКО ЌЕ ГИ КОРИСТИМЕ И ОДАВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние се обидуваме да ви понудиме избори во врска со личните податоци што ги доставувате. Следниве механизми ви овозможуваат контрола врз вашите лични податоци:

Колачиња / слични технологии. Вие ја контролирате вашата согласност преку (i) нашето решение за управување со усогласеност или (ii) преку вашиот пребарувач да ги одбие сите или некои колачиња / слични технологии или да ве предупреди кога тие се користат. Погледнете го делот 4 погоре.

Рекламирање, маркетинг и промоции. Може да се даде согласност за компанијата Нестле да ги користи вашите лични податоци за да ги промовира своите производи или услуги преку полето за означување кое се наоѓа во формуларот за регистрација или одговарајќи на прашањето(ата), кои ги поставиле нашите претставници од CES. Доколку одлучите дека не сакате да добивате вакви комуникации, подоцна можете да се одјавите и да не добивате писма во врска со маркетинг во секое време, следејќи ги упатствата дадени во секоја таква комуникација. Да се откажете од маркетинг комуникации испратени од било кој медиум, вклучувајќи ги и социјалните мрежи од трети лица, можете во секое време да се одјавите со кликнување на линковите достапни во нашата комуникација, со пријавување на Веб-страници / апликации или социјалните мрежи од трети лица и со прилагодување на вашата кориснички преференции во профилот на вашата сметка со отстранување на соодветните полиња или со повикување на нашите CES.

Персонализација (офлајн и онлајн): Доколку е потребно според законот, доколку сакате вашите лични податоци што ги користи Нестле да ви обезбедат персонализирано искуство / насочено рекламирање и содржина, можете да го наведете ова со означување на полето во формуларот за регистрација или со одговарање на прашањата поставени од страна на нашиот претставник од CES. Доколку одберете да не ја користите оваа персонализација, можете да се одјавите во секое време со пријавување на веб-страниците / апликациите и да ги прилагодите вашите кориснички преференции во профилот на вашата сметка преку отстранување на соодветните полиња или со повикување на нашата CES.

Насочени реклами. Ние сме партнери со огласни мрежи и други даватели на услуги за огласување (во понатамошниот текст "Огласувачи") кои огласуваат во наше име и други не-поврзани компании на Интернет. Некои од овие реклами се прилагодени на вашите интереси врз основа на информациите собрани на веб-страниците на Нестле или на не-поврзаните веб-страници со текот на времето. Можете да ја посетите www.aboutads.info/choices за да дознаете повеќе за ваквите огласувања и како да се откажете од типот на огласувања врз основа на интересите на компаниите кои учествуваат во саморегулаторната програма Дигитален рекламен сојуз (DAA). Покрај тоа, можете да го исклучите овој тип на огласување во мобилните апликации од компаниите кои учествуваат во апликацијата DAA AppChoices со преземање на апликација од iOS или Android продавниците за апликации. Можете исто така да престанете да собирате прецизни податоци за локацијата од вашиот мобилен уред со пристап до поставките за услугата за локација.

11. ИЗМЕНА НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Доколку го смениме начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, ние го ажурираме ова Известување. Ние го задржуваме правото да ги менуваме нашите практики и ова известување во секое време и ве замолуваме почесто да проверувате дали има какви било ажурирања или измени во нашето известување.

12. КОНТРОЛИ НА ПОДАТОЦИ И КОНТАКТ

За да поставувате прашања или да коментирате за ова Известување и нашите практики за приватност или да поднесете жалба на важечките закони за приватност, контактирајте не нас на: Булевар 8. Септември 16 Skopje, пишете ни на info@mk.nestle.com или јавете се на нашиот CES 0800 00 200.

Исто така, можете да го контактирате нашиот контакт за заштита на податоци преку електронска пошта на: nadica.gerasimovska@mk.nestle.com , по пошта: Булевар 8. Септември 16 Skopje.

Ќе ја признаеме и испитаме секоја жалба на начинот на кој управуваме со вашите лични податоци (вклучувајќи ја и жалбата дека сме ги прекршиле Вашите права според важечките закони за приватност).

Контролори на податоци

Одговорни за

Нестле Адриатик Македониа д.о.о.е.л. Скопје

Сите активности