Често поставувани прашања

Nestlé-производи низ светот

Дали Nestlé-производите се исти низ целиот свет?
Не. Nestlé ги поттикнува своите национални компании да ги приспособат производите локално, а целта е почитување на локалните, регионалните и националните навики и вкусови, на културните и верските обичаи на потрошувачите, како и на куповната моќ на потрошувачите. Иако во голема мера се разликуваат во составот, рецептот, пакувањето и брендирањето, сите производи истовремено мора да го исполнуваат стандардниот квалитет.

Дали постојат земји во кои Nestlé-производите не се достапни?
Колку што ние знаеме, не.

Како гарантирате дека стандардите за квалитет на Nestlé се почитуваат во сите земји?
Тоа се остварува преку три главни системи на контрола на квалитетот и тоа преку: внимателен избор на суровини, процесот на производство и дистрибуција, како и продажба. Лабораториите внатре во фабриките, регионалните лаборатории за контрола на квалитетот и централната контрола на квалитетот заедно работат со цел да бидеме сигурни дека нашите производи се сигурни и одговараат на квалитетот.

Зошто во мојата земја не можам да купам некои Nestlé-производи?
Нашите локални фабрики, во зависност од навиките на потрошувачите, нивниот вкус и културната заднина, одлучуваат дали некој производ има потенцијал да биде успешен на определен пазар. Во многу случаи, тоа прашање се однесува на потенцијалната големина на продажбата. Доколку пазарот е премал или доколку локалниот систем на дистрибуција не овозможува продажба на производите во согласност со условите, локалните филијали нема да го пласираат тој производ на тој пазар. Освен тоа, локалното законодавство може да оневозможи продажба на производите на определен пазар.

Што се случува кога луѓето се алергични на храна?
Алергијата на храна претставува одговор на имуниот систем на протеините во храната што ја консумирал потрошувачот. Во таков случај, телото има реакција која се толкува како „чувствителност“ на храна, па произведува антитела. Кога јадете храна на која вашето тело е „чувствително“, антителата реагираат и се обидуваат да извршат „напад“ врз храната. Тоа може да резултира со разновидни симптоми – тегоби во желудникот (повраќање, дијареја, лошење), кожни реакции (уртикарии, дерматитис, јадеж или отоци) или проблеми со дишењето (кивање, ринитис, астма).

Кај некои луѓе се јавуваат тешки и брзи реакции наречени анафилаксичен шок, придружуван од следниве симптоми:  доаѓа до отекување на грлото, забрзување на пулсот и до драматичен пад на крвниот притисок. Без итен медицински третман, може да дојде до смрт предизвикана од оваа екстремна алергиска реакција. Во високоризична група спаѓаат младите луѓе кои страдаат од астма.

Што презема Nestlé за информирање на своите потрошувачи кои се алергични на храна?
Не постои лек за алергија од храна, а превенцијата се темели на избегнување на истата. Чувствителните луѓе мора од својата исхрана да ја исфрлат храната што содржи супстанции на кои се алергични. Производителите на храна се одговорни за адекватно и прецизно означување на храната. Тоа вклучува производство во средина што е ослободена од определени алергени, се прават напори со цел да се избегне ненамерна присутност на критичните алергени, како и внимателност при означувањето.

Зошто треба да се биде внимателен кај означувањето на јаткастите плодови?
Многу од луѓето сакаат да уживаат во омилените слатки во повеќе вкусови и текстури на нивните омилени брендови. Меѓутоа, опремата што се користи за производство на слатки е високоспецијализирана и најчесто сите видови се произведуваат на истата опрема.
Со оглед на разновидноста на производите кои содржат јаткасти плодови, најверојатно производите со и без јаткасти плодови би се произведувале на истата машина. Земајќи ги предвид таквите околности, речиси е невозможно да се гарантира дека мали парченца од јаткастите плодови нема да бидат пренесени од една серија на производство во друга.
Единствениот сигурен начин потрошувачите да бидат информирани е да се додаде во списокот на состојки во кој би се навело дека производот може да содржи траги од јаткасти плодови. Со тоа се нагласува дека секој што има алергија на јаткасти плодови, може да избегне да ги консумира.

Како потрошувачите би можеле да знаат кои производи содржат јаткасти плодови?
Nestlé практикува да назначува цел список на состојки на сите слатки производи и таму каде што се користат јаткасти плодови ќе биде наведено во списокот на состојки. За дополнителни прашања, контактирајте го Nestlé со помош на бесплатниот Инфо-број за потрошувачите на вашиот пазар.

Актуелни теми

Каков став има Nestlé кога станува збор за палминото масло?
Според Nestlé, уништувањето на тропските дождовни шуми е едно од најсериозните прашања за заштита на животната средина со кое денес се соочуваме. Се проценува дека уништувањето на прашумите придонесува околу 20% од емисијата на јаглеродниот диоскид – што е повеќе од целиот транспортен сектор. Зголеменото користење на биогориво е сериозен фактор за ваквото уништување – кое силно го осудуваме.

Кој е ставот на Nestlé кога станува збор за користење на биогориво?
Nestlé го поддржува внимателното користење на енергија: во последните пет години Nestlé ја намали потрошувачката на енергија на еден тон за 28% и емисијата на гасови со ефектот на стаклена градина за 32%. Nestlé верува дека секоја одлука за користење извори на енергија мора да се заснова на системот на трошоци и бенефиции, анализа на животниот циклус, земајќи го предвид социјалното и влијанието врз животната средина, вклучувајќи ги факторите што влијаат врз цената на храната и на водата.

Моменталното производство на биогорива се потпира на распространетата употреба на посеви, како на пример пченка и пченица. Тоа придонесе кон значајно зголемување на цената, па со тоа долгорочно ќе се појави недостиг за милионите потрошувачи со ниски примања, за кои основните продукти мора да бидат достапни.

Големата распространетост на тие земјоделски суровини за производство на биогориво ќе го влоши проблемот со недостигот од вода, со оглед на тоа што за еден литар биогориво од пченка или од соја, потребно е наводнување од 500 до 5.000 литри вода. Земјоделството веќе користи 70% од расположливите извори на вода. Исто така, во зависност од видот на поседот и географијата, заштедата на CO2 во однос на фосилните горива може да биде многу мала, во некои случаи само 10%.

Дали е исправно што Nestlé заработува од пакувана вода?
Многумина сметаат дека продажбата на пакувана вода значи дека компанијата прави профит од ресурси што треба да се јавна сопственост.

Имено, Nestlé Waters е можеби најголема светска компанија во делот на продажба на пакувана вода, но и покрај тоа, сè уште користи само 0,0009% (помалку од милионитиот дел) од вкупно потрошената вода за пиење во светот, додека пак Nestlé во целина – вклучувајќи го и производството на храна – користи само 0,005%. Според тоа, Nestlé на глобално ниво не е значаен фактор кога се работи за потрошувачката на вода: земјоделството користи 70% од вкупно расположливата свежа вода, 20% користи индустријата, додека домаќинствата користат 10%.

Водата во шишиња достигнува цена како и другите пакувани напивки, па затоа е поскапа отколку цената на водата од чешма, бидејќи и за пакуваната вода трошоците се исти како и за другите напивки пакувани во шишиња: трошок за вода, осигурување за чистотата на водата, обезбедување стерилни шишиња, процес на обезбедување чисти шишиња и на крајот, сите трошоци за логистика.

Кои се работните практики на Nestlé-формулите за бебиња во земјите во развој?
Nestlé функционира во духот на законите на Светската здравствена организација (WHO) за маркетинг на формулите што се замена за мајчиното млеко. За подетаљни информации, ве молиме да ја посетите нашата веб-страница Babymilk (www.babymilk.nestle.com), каде што ќе најдете одговори на сите прашања и сеопфатна дискусија на таа тема.