Sort by
Sort by

Нутритивен компас

Донесувањето одлуки што се добри за вашето и за здравјето на вашето семејство може да биде многу збунувачко. Во списанијата, ТВ-рекламите и во постерите се нудат низа информации кои често се негираат една со друга.

Нашата визија е да ги обезбедиме битните информации што ќе ви помогнат во донесувањето најдобри одлуки кога станува збор за изборот на поздрав производ. Во форма на т.н. Nestlé Nutritional Compassa®, на самите пакувања воведовме стандардизиран, прегледен и, пред сè, информативен начин на комуникација со нашите потрошувачи.

Nestlé Nutritional Compass® се наоѓа на сите производи на Nestlé, нудејќи им ги на потрошувачите истовремено сите битни информации за составот на производите, како и совети за поздрава исхрана, за подготовка на производите и контактите, за да може да ни се јават во случај кога им е потребна дополнителна информација.

Изборот на храната што ја купувате за себе и своето семејство може да биде тешка и збунувачка задача! За да им го олесни изборот на потрошувачите, давајќи им ги сите потребни информации за производот што го купуваат, Nestlé на сите свои производи го стави Nutritional Compass® и Насоки за дневен внес на храна (Guideline Daily Amounts (GDA)).

ШТО Е ТОА GDA?

GDA е скратеница од Guideline Daily Amounts, односно ги означува насоките за дневен внес. Внесот може да варира во зависност од возраста, полот, телесната тежина и од телесната активност. GDA-насоките првпат се појавија во 1998 година. EFSA (European Food Safety Agency или Европска агенција за безбедност на храната) научно ги процени и ги потврди референтните вредности што ни ги дава GDA.

GDA-вредностите може да се пронајдат и на производите на Nestlé – тие ни даваат информации за самиот производ и колку енергија и нутритивна вредност содржи една порција од наведениот производ. Порција од некој производ е вредност за која е разумно да се очекува да е консумирано од едно лице во една определена пригода.

GDA е одличен начин на секој потрошувач на едноставен начин да му се приближат вредностите што се наоѓаат во производот. Сосема едноставно потрошувачите може да споредат и да евалуираат разни производи и да донесат одлука за поздраво купување. GDA ја споредува порцијата со просечниот внес за едно лице, врз основа на дневниот внес од 2000 kcal и на тој начин го прикажува уделот (%) на макронутриентите во секоја порција од одделен производ. GDA е средство со чија помош и вие може да си составите урамнотежена исхрана приспособена кон личните и кон потребите на своите домашни. Никогаш не е доцна да почнете со поздрав начин на живот!

ПОЗИТИВНИ СТРАНИ НА ПРОИЗВОДИТЕ ШТО СОДРЖАТ GDA:

  • Ги дава фактите за енергетскиот и нутритивниот статус на произв
  • Содржи  објективни и непристрасни факти
  • Информативен е
  • Лесно разбирлив

ШТО Е RDA?

RDA (Recommended Dietary Allowances) се препорачани дневни количества микронутриенти (витамини и минерали) во зависност од возраста, полот и состојбата (лактација или бременост) на одделно лице. RDA претставува препорачан внес на витамини и минерали што се потребни за задоволување на потребите речиси на сите здрави поединци, во зависност од возраста и од полот.

На Nestlé-производите исто така може да се пронајдат податоци за количеството сол, натриум и магнезиум што ги внесувате при консумација на една порција од производот.