60/40 Истражување


Потрошувачите се централна точка околу која се кројат принципите на работењето на фирмата Nestlé. Еден од алатите со кој Nestlé ги собира желбите и потребите на своите потрошувачи, за да одговори на нив, е 60/40+.

Замислете дека  60/40+  е рендген на нашите производи во кој потрошувачот е  клучен учесник. Во сообразност со желбите и потребите на потрошувачите, Nestlé континуирано работи на подобрување на своите производи. Главна цел  е подобрување на  рецептурата, збогатување на производите со хранливи вредности, а истовремено да се задржи  добриот вкус на производот.

60/40+ е истражување чија цел е да се добие предност над конкурентскиот  производ, а истовремено и да се разбере што потрошувачите очекуваат и сакаат од испитуваниот производ.

Денес, потрошувачите се сè посвесни за важноста на правилната исхрана и внимаваат на храната што ја внесуваат во својот организам. Основна желба на потрошувачите е храна во која може да уживаат, а истовремено да не го нарушат  своето здравје и да му обезбедат на својот организам внесување хранливи вредности.

Одговорот на Nestlé е концептот  Исхрана, здравје и здрав живот, кој се провлекува во сите сфери на своето работење, од креирањето на новите производи, подобрување на постојните, едукацијата на вработените и потрошувачите за важноста на правилната исхрана до програмата за општествено одговорно работење.