Водич за здрава исхрана

10 ПРАВИЛА ЗА ПРАВИЛНА ИСХРАНА

  1. Разновидност
    Разновидноста е многу важен фактор во одржувањето идеална телесна тежина и здраво тело – не постои продукт што самостојно може да ги задоволи севкупните потреби на организмот. На организмот секојдневно му се потребни протеини, масти, белковини, витамини, минерали, антиоксиданти и влакна, а оптимално ќе функционира кога ќе ги прими сите наведени компоненти. Од тие причини, разновидната исхрана е темел на здравјето.
  2. Умереност
    При секој оброк консумирајте умерено количество храна. Телото можеби не може да го свари и да го искористи сето количество храна што ќе се внесе во текот на еден оброк, па одвишните килокалории се складираат. За да се спречи тоа, потребно е да консумирате разновидни оброци во умерено количество, 5 пати дневно.
  3. Консумирајте доволно жита, овошје и зеленчук
    Продуктите како жита од цели зрна даваат оптимално количество енергија за подолг период во текот на денот, па оттаму тие се квалитетен извор на енергија. Житото, овошјето и зеленчукот исто така содржат поголемо количество витамини, минерали и диетални влакна кои имаат позитивен заеднички ефект врз општото здравје.
  4. Дневно консумирајте околу 1,5 l течност
    Се препорачува секој ден да се испијат приближно 8 чаши вода.
  5. Одржувајте идеална телесна тежина
    Идеалната телесна тежина е индивидуална и зависи од антропометриските мерки. За да може телото да согорува повеќе енергија и да биде што повитално, се препорачува секојдневно занимавање со телесна активност, како и избалансирана и умерена исхрана.
  6. Денот почнете го со појадок!
    Често се говори дека појадокот е најважниот оброк во денот. Сите оброци се подеднакво важни, но со појадокот му овозможувате на своето тело извор на енергија и на нутриенти наутро, во период кога е потребно најголемо количество енергија за почеток на денот!
  7. Редовност
    Прескокнувањето оброци може да доведе до неконтролиран глад, а последица од тоа е – прејадувањето. Со таквиот ритам на исхрана му се одмогнува на телото да ја одржи или да стекне идеална телесна тежина. Дневно се потребни 5 оброци: појадок, прва ужина, ручек, втора ужина и вечера. Ужините се меѓуоброци што би требало да имаат помала енергетска вредност од трите главни оброци.
  8. Намалете го внесот на заситени масни киселини
    Заситените масни киселини во денешно време станале причина за повеќето кардиоваскуларни болести, но тие сепак му се потребни на организмот. За да се избегне негативниот ефект од заситените масни киселини, потребно е исхраната да се збогати со внес на незаситени масни киселини и занимавање со физичка активност.
  9. Помалку сол
    Во денешно време солта стана проблем поради сè почестата појава на хипертензија во светот. Бидејќи солта секојдневно се користи во домаќинството и во многу производи на пазарот, сè потешко е одржувањето на оптимален крвен притисок. Препорачаното дневно количество сол е 6 g.
  10. Движете се
    Денес многу често се запоставува физичката активност поради „канцеларискиот“ начин на живот. За да се одржи виталноста и здравјето на мускулната маса, неопходна е редовна телесна активност. Секојдневната телесна активност е есенцијален фактор за здравје и долговечност на организмот.