Sort by
Sort by

Nestlé планира да вработи повеќе од 20.000 млади во Европа

Back to Press releases
Skopje
Nestlé, најголемата прехранбена индустрија во светот, објави дека во наредните три години во Европа планира да помогне во вработувањето на повеќе од 20.000 лица помлади од 30 години. Со иницијативата „Nestlé in Europe“ („Nestlé во Европа“) компанијата ќе понуди повеќе илјади места за одработување на практична настава и приправништво до 2016 година. Деталите за проектот ќе бидат објавени во септември, а во план e да се поттикнат и партнерите и снабдувачите да им понудат работа, усовршување или практична настава на младите невработени луѓе.  

"Владите на европските земји не можат сами да го решат проблемот со високата невработеност на младите во Европа, па компаниите мора во тоа  да ја одиграат својата улога“, изјави Laurent Freixe, извршен потпретседател и директор на Зона за Европа на компанијата Nestlé, и додаде дека „Nestlé им дава шанса на младите луѓе да учат и да се развиваат внатре во сопствена организација. Можностите што им ги даваме на младите луѓе се резултат на нашиот постојан раст и инвестирање во Европа“.

Наспроти предизвикувачката економска состојба, Nestlé и понатаму остварува раст и постојано вложува во Европа. Од најновите инвестиции посебно се истакнуваат новата NESCAFÉ Dolce Gusto фабрика во Германија, проширувањето на Nestlé Professional Davigel фабриката во Франција, како и отворањето нови производствени линии во NESCAFÉ Dolce Gusto фабриката во Шпанија, благодарение на што е удвоено производството на капсулите.

Во рамките на новата иницијатива, Nestlé на младите талентирани луѓе со стручни насоки, како и на дипломираните што ја бараат својата прва работа по факултетот, ќе им понуди позиции на сите нивоа, во сите свои деловни подрачја – од асистентски позиции во фабриките до оние во продажбата, маркетингот и слично.

„Исклучително ни е драго што и Nestlé Adriatic ќе ја поддржи оваа важна глобална иницијатива. До крајот на годината планираме да ја унапредиме соработката со факултетите и со студентските организации во Македонија, како и да воведеме стручна практика и менторства, за да им помогнеме на младите таленти во нивниот понатамошен развој. На тој начин сакаме да ги подготвиме студентите за работа во реално деловно опкружување и истовремено да ги поттикнеме другите компании да почнат со слични активности“' – изјави Јована Узелац, менаџер за човечки ресурси на компанијата Nestlé за Србија, Црна Гора, Македонија и Косово.