Sort by
Sort by

Nestlé ја поддржува иницијативата на Обединети Нации под име „Образование на прво место“

Back to Press releases
Skopje

Компанијата Nestlé се обврза дека ќе ја поддржи новата иницијатива на Обединетите Нации со која се поттикнува образованието на децата и младите ширум светот.

На неодамнешното Генерално собрание на ОН одржано во Њујорк, Nestlé ги изнесе деталите околу своите напори и понатамошните планови на оваа тема. Прифатените обврски компанијата ги имплементираше во својата програма Создавање заеднички вредности која ја спроведува во заедниците низ целиот свет.

ОН соработува со владите, индустриските лидери и граѓанското општество со цел образованието да се позиционира на врвот на глобалните приоритети, како дел од образовниот план „Образование на прво место“.

На самото случување во ОН, Nestlé истакна како своите бизнис активности и програми ќе ги прилагоди за промовирање на образованието на децата и младите.

Во склоп на глобалната програма „Здрави деца“ (анг. Healthy Kids), Nestlé се обврза на соработка со партнерите од различните земји, со што досега преку шест милиони деца во 60 земји низ целиот свет стекнааа знаење за основните постапки за правилна исхрана и физичка активност. Целта на компанијата е до 2016 година да ја прошири оваа програма на 70 земји.

На глобално ниво, Nestlé има воспоставено петгодишна соработка со Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF) и ја поддржува Меѓународната мрежа ЕПОДЕ во превенцијата на дебелеењето кај децата.

Во Брегот на Слоновата Коска, Nestlé соработува со Светската федерација за какао (СФК, анг. WCF), каде се фокусирани на обуки на наставници, писменост на возрасните и подигнување свесноста за проблемот на детската експлоатација. Nestlé и СФК, исто така, имаат за цел да се изградат и обноват околу 40 локални училишта во рок од четири години, со што ќе се подобри квалитетот на образование за повеќе од 10.000 деца. Соработката на Nestlé со Меѓународната Федерација на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (IFRC) промовира подобрување на квалитетот на водата и санитарните стандарди за студентите, професорите и нивните заедници во Брегот на Слоновата Коска. Целта е до крајот на 2014 година да се обезбеди чиста, безбедна вода за пиење и санитарни јазли во 55 училишта и 65 места, резултати кои ќе влијаат на околу 53.000 луѓе во областите со фарми на какао.

Прифатените обврски Nestlé ги следи и во својата посветеност на минатогодишната иницијатива на ОН за „Секоја жена, секое дете“ која ги поттикнува владата, компаниите и организациите да се вклучат и да придонесат за подобрување на здравјето на жените и децата.

Главниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун (Ban Ki-moon) ги започна двете иницијативи на Обединетите Нации со цел да се постигнат овие Милениумски развојни цели (МDG) така што ќе се подобри квалитетот на живот на милиони најсиромашни луге.