доброволното повлекување Nestlé житни цералии за деца - 8 жита, 600gr

Најнови вестиСкопје
,
јун 1, 2016

Почитувани,

Ве известуваме за деталите за доброволното повлекување две производни серии од категоријата Nestlé житни цералии задеца - 8 жита, 600gr (сериски броеви: 52780291 и 52870291, произведени во октомври 2015. година) за македонскиот пазар.

Причина за ова е објавување на Регулативата на Европската комисија 2016/239 од 19. февруари 2016. година, надополнета со уредбата 1881/2006 во која се пропишува максималното ниво на тропански алкалоиди во преработената храна на база на жита за доенчиња и за мали деца. Тропан-алкалоид е природна супстанца што е присутнаво некои билки и нејзиното количеството не е регулирано во важечките правилници на Република Македонија.

Довербата на нашите потрошувачи е за нас е од најголема важност. За таа цел, на 30. мај 2016. година, Нестле Адриатик одлучи доброволно да гиповлече од пазарот споменатите сериски броеви од производот, иако се произведени во октомври 2015. година, пред објавување нановите Регулативи од Европската унија и истите се законски исправни.

Консумирањето Nestlé житни цералии за деца - 8 жита, 600 gr, не претставува ризик за здравјето на потрошувачите.

Безбедноста и квалитетот на нашите производи за нас претставуваат број еден приоритет и навистина ни е жал доколку ова на некој начин предизвува одредена непријатност.

Нестлé Адриатик ќе им ги замени на потрошувачте сите купени количества од наведениот производ со ист производ од друга производна серија.

Потрошувачите може да стапат во контакт со нас на следнава е-меил адреса: info@mk.nestle.com во рамките на работното време.

Ви благодариме на разбирањето,

Нестлé Адриатик Македонија