Sort by
Sort by

NESTLÉ ОБЈАВИ ПРЕВЕМАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА ЦЕНТРОПРОИЗВОД

Back to Press releases
Belgrade, Serbia

NESTLÉ ОБЈАВИ ПРЕЗЕМАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА ЦЕНТРОПРОИЗВОД

Nestlé денеска објави дека постигна договор за преземање на работењето на Центропроизвод, еден од најголемите производители на храна во Србија.

Купен е асортиманот за кулинарство на Центропроизвод (зачини и ароми, прашкасти производи, супи и преливи), напитоци (напиток од чоколада и чаеви) и кондиторски производи (намази и чоколадни штангли). Се очекува дека во 2011 година продажбата ќе достигне износ од 25 милиони евра. Условите на трансакцијата, кои се предмет на правно одобрување, се уште не се познати.

Центропроизвод е препознатлив по квалитетот на продуктите со знакот C кој има традиција долга 60 години. Водечката марка производи Зачин C е составен дел на секоја кујна ширум Србија. Трансакцијата исто така ја опфаќа и фабриката на Центропроизвод во Сурчин.
Marco Travaglia, претседател на Управниот одбор на Nestlé Adriatic, изјави: „Оваа аквизиција е стратешки потег кој ќе го зајакне присуството на компанијата Nestlé во регионот. Портфолиото на Центропроизвод е многу слично на нашето, а локалното производство во сурчинската фабрика со сите свои можности за дистрибуција претставува голема вредност за нас.”

Nestlé е компанија која работи во нашиот регион од почетокот на 2003 година и во моментот вработува околу 500 луѓе и управува со фабрика во Стара Пазова во Србија. 

Лице за контакт:

Оливера Меѓугорац
Директор
Корпоративни комуникации - Nestlé Adriatic Region
телефон: +385 1 6328 010
Мобилен: +385 98 478 400
E-mail: [email protected]
[email protected]