Sort by
Sort by

Nestlé покренува Иницијатива за вработување на младите во Европа

Back to Press releases
Skopje
Nestlé се обврза дека ќе отвори 20.000 работни места за младите луѓе низ цела Европа во наредните три години.

Преку иницијативата Nestlé needs YOUth („На Nestlé му требаат млади“), компанијата до 2016 година ќе понуди работа за 10.000 лица помлади од 30 години и ќе отвори 10.000 места за практика и за приправнички позиции.

„Денес, еден од четворица млади во Европа е невработен“, вели Лоран Фрекс, извршен потпретседател на компанијата Nestlé и директор на Зона Европа.

Тој одржа говор на отворањето на „Nestlé needs YOUth“ во Атина, главниот град на Грција, земја во која повеќе од половината жители помлади од 25 години се невработени.

Растење во Европа

„Размислете какво би било влијанието врз нашето општество кога тие млади луѓе би останале на општествените маргини, без приходи, без иднина, без надеж.“

„Како што продолжуваме да растеме и да инвестираме во Европа, би сакале да направиме сè што е во наша моќ за да ги засилиме и да ги развиеме нивните вештини, но и да ги зголемиме можностите за нивно вработување, без оглед на степенот на образование“, рече тој.

Оваа иницијатива, прва од таков вид и од толкави размери,  е изградена врз трајната посветеност на компанијата да вложува во Европа во текот на економската криза, додаде г. Фрекс.

Добре дојдовте

Комесарот за образование на Европската Унија, Андрула Василиу, рече дека ја поздравува иницијативата „Nestlé needs YOUth“, која е пример дека приватниот сектор може да придонесе во закрепнувањето на Европа.

„Одушевена сум што Nestlé ја почна оваа иницијатива за да ги засили и развие можностите за вработување на младите низ цела Европа. Тоа придонесува кон нашите настојувања младите да не бидат оставени без надеж и можности. Дваесет илјади млади луѓе ќе добијат можност да влезат на пазарот на трудот, што јасно покажува дека приватниот сектор може да придонесе кон решавањето на проблемот со невработеноста на младите. Очекуваме дека оваа акција ќе поттикне повеќе слични иницијативи и од други компании “, рече г-ѓа Василиу.

Сите тимови на Nestlé во Европа ќе дадат свој придонес за иницијативата.

Оваа иницијатива сака да го искористи полетот на младите и да им овозможи со сигурност да гледаат кон посветла иднина.

Лоран Фрекс, извршен потпретседател на компанијата Nestlé и директор на Зона Европа

На пример, во период од три години Nestlé ќе вработи 3.000 млади лица во Франција, 2.420 во Германија, 1.250 во Шпанија и 1.080 во Италија, вклучувајќи директни вработувања и стажирања/приправнички позиции.

Рзлични улоги

Сите сектори ќе имаат свои улоги, давајќи им низа можности на тие што се заинтересирани за широк избор кариери во Nestlé, вклучувајќи ги и секторите производство, администрација, човечки ресурси, продажба, маркетинг, финансии, инженеринг, како и истражување и развој.

Како дел од иницијативата, посебно ќе се осмисли ангажирањето за помал број млади од јужна Европа, за да им се даде можност за стекнување  непроценливо искуство од работењето во Nestlé во странство – во Швајцарија, Франција, Германија, Австрија, во нордиските земји и во Обединетото Кралство.

Посветла иднина

 

Освен тоа, за да се олесни преминот меѓу училиштето и вработувањето, иницијативата ќе ја вклучи и програма „Подготвеност за работа“, која подразбира советувања во врска со кариерата, работилници за изработка на работна биографија и подготовка за интервјуа во училиштата, на факултетите и на веб-страниците на Nestlé.

Nestlé исто така ќе поттикне и над 63.000 свои европски доставувачи да учествуваат во иницијативата „Nestlé needs YOUth“ така што ќе понудат работа, стажирање или приправништво за младите луѓе, во рамките на програмата што  ќе се вика „Сојуз за младите“.

„Nestlé е успешна компанија на светско ниво и поради тоа што сме успешни во Европа“, објасни г. Фрекс. „Оваа иницијатива сака да го искористи полетот на младите и да им овозможи со сигурност да гледаат кон посветла иднина.“