Nestlé отвори најнапредна лабораторија во прехрамбената индустрија за изучување на штетните патогени во храната

Најнови вестиСкопје,јун 13, 2013

Nestlé отвори лабораторија за проучување на патогени микроорганизми кои се штетни за човековото здравје, а се создаваат во храната. Новоотворената лабораторија е најнапредна од ваков вид во индустријата.

Просториите на лабораторијата што се наоѓаат во Истражувачкиот центар на Nestlé во Швајцарија, имаат делови со ограничен пристап, достапни само за персоналот што завршил обука. Влезот е дозволен само со заштитна облека, а однесувањето мора да биде во согласност со строгите хигиенски процедури.

Целта на компанијата Nestlé е користење на сите расположливи научни методи за уште повеќе да се унапреди процесот на уништување на патогените микроорганизми во храната, но притоа да се задржат хранливите вредности на производите.

"Постојано се соочуваме со познати патогени, како салмонелата, но како што патогените еволуираат, се јавуваат и нови закани. Ние секогаш мора да бидеме чекор понапред ", изјави технолошкиот директор на Nestlé, Вернер Бауер.

Вернер Бауер нагласи дека истражувањата што се спроведуваат се многу значајни за Nestlé, а во Nestlé сметаат дека имаат одговорност да ги споделат резултатите со научната заедница и со потрошувачите, така што секој ќе има корист од нив. Здравјето и безбедноста се во самата основа на сето она што денес се прави и што е направено во минатото во компанијата Nestlé. Но потребни се повеќе врвни технологии и податоци за да може и понатаму да ги унапредуваме производите што ќе бидат целосно безбедни.