Nestlé кашичка за бебиња P’tit Pot Recette Banana, не се продава во Македонија

Најнови вестиVevey, Switzerland,јун 28, 2011

Nestlé кашичка за бебиња P’tit Pot Recette Banana, не се продава во Македонија

На 29 јуни, компанијата Nestlé во Франција доброволно повлече од пазарот една серија Nestlé кашичка за бебиња P’tit Pot Recette Banana, што се пакува во стаклени тегли.

Причината за повлекување е исклучително мерка на претпазливост, откако еден потрошувач стапил во контакт со Nestlé Франција и го пријавил случајот за пронаоѓање стакло во тегла P’tit Pot Recette Banana.

Во блиска соработка со властите, автоматски се преземени сите неопходни мерки за да се утврди причината за овој инцидент. Заклучокот од истрагата е дека ова е изолиран случај, кој вклучува само една тегла. Повлекувањето на производот се однесува само на една серија од производот што е продаван само во Франција, додека останатите земји и серии производи не се погодени со ова повлекување.

Со оглед на тоа што квалитетот и сигурноста на производите се приоритет на компанијата Nestlé, одлучено е, како превентивна мерка, да се повлече оваа серија од производот од сите продажни места во Франција.

Споменатиот производ не се продава во Македонија ниту, пак, се продавал кога и да е.