Sort by
Sort by

Nestlé основа нов медицински центар за нега на кожата

Back to Press releases
Скопје

Nestlé ги проширува своите активности и се вклучува во областа на специјални медицински третмани на кожата преку формирање центар под име „Nestlé Skin Health S.A“. Во согласност со оваа стратегија, Nestlé одобри стратегиска трансакција со која L'Oréal ќе откупи 8% свои акции во вредност од 48,5 милиони евра од компанијата Nestlé

Управниот одбор на Nestlé одобри проширена долгорочна сратегиска ориентација на компанијата, продолжувајќи ја својата мисија која се заснова на грижа за здравјето, квалитетот на живот и исхраната која се темели на научни докази. 

Во согласност со оваа стратегија, Управниот одбор на Nestlé одобри продажба на акциите на L'Oréal, чиј дел од приходот ќе се искористи за купување 50% удел во фармацевтска компанија Galderma, која е специјализирана за медицински третмани на кожата. Со тоа Nestlé ќе стане стопроцентен сопственик на оваа компанија, која ќе формира фондација Nestlé Skin Health S.A.

Со неодамнешното формирање на „Nestlé Health Science S.A” и „Nestlé Институтот за здравствена наука” ја засили својата стратегиска насока и се сосредоточи кон помош на потрошувачите во водењето поздрав живот, почнувајќи од здрава храна и пијалаци, па се до научни производи што го подобруваат квалитетот на живење.
 „Со стекнувањето удел од 50% во компанијата Galderma, Nestlé ќе го продолжи својот стратегиски развој во областа на исхраната, здравјето и здравите животни навики преку ширење активности на полето на медицинска нега на кожата. Nestlé ќе создаде нов центар - Nestlé Skin Health S.A., а Galderma ќе биде темел на овој ентитет, кој ќе биде раководен од менаџментот на Galdermа. Иако го намали својот удел во L'Oréal, Nestlé ќе продолжи да го поддржува развојот на L'Oréal, како и во претходните 40 години", рече Питер Брабек Летмат, претседавачот на Nestlé.

„Nestlé Skin Health S.A.“ ќе биде компанија-ќерка, во целосна сопственост на компанијата Nestlé и ќе има свој сопствен управен одбор и седиште во Лозана. Исто така, Nestlé ќе ја припои и компанијата Bübchen и нејзината веќе постојна дејност во областа на нега на кожата на доенчиња, која со новоформираниот центар ќе обезбеди цврста платформа за профитабилен раст.