Sort by
Sort by

Nestlé известува за напредокот во остварувањето на своите политики во областа Создавање на општествена вредност

Back to Press releases
Skppje
Напорите на Nestlé за исполнување на низа свои определби во областите на општествената одговорност се детално опишани во новиот извештај, Nestlé in Society 2013.

35-те донесени политики ги покриваат областите: правилна исхрана, води, рурален развој, одржливост и усогласеност со локалната легислатива.

Nestlé има цел да ги оствари сите овие политики до 2020 година, или порано. Во оваа година има 10 нови, а шест од нив се ажурирани врз основа на повратната информација од заинтересираните страни во последните 12 месеци.

Извештајот го поткрепува фундаменталното убедување на Nestlé дека компанијата, за да биде долгорочно успешна и да создаде вредност за акционерите, мора истовремено да создава и вредност за општеството.

Нашата посветеност кон исполнување на таа цел се отсликува низ јасната преданост на Nestlé да ја предводи индустријата во областа на истражувањата врзани за правилната исхрана и здравјето, како и производството на производи посебно приспособени за децата.