Компанијата Nestlé ја поддржа кампањата против фрлање храна

Најнови вестиСкопје,јун 10, 2013

Компанијата Nestlé го прослави годинашниов Светски ден за заштита на животната средина со учество во кампањата „Мисли. Јади. Заштеди“ (Think.Eat.Save) за да се спречи непотребното фрлање храна.
Кампањата покрената од програмата на Обединетите нации за животна средина, од Организацијата за храна и земјоделство (FAO) и од Организацијата за рециклирање WRAP, е осмислена да ги поттикне луѓето да станат свесни за влијанието на нивниот избор на храна врз животната средина и да им овозможи да донесуваат одлуки врз основа на информациите што ги поседуваат.
Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, секоја година една третина од храната што се произведува во светот се фрла или пропаѓа. Истовремено, секој шести човек на светот заминува на спиење гладен, додека секој ден повеќе од 20.000 деца помали од пет години умираат од глад. 
Nestlé вложува напори да се избегне расфрлањето храна уште од основањето на компанијата, повеќе од 140 години, претворајќи ги расипливите суровини, како што се млекото, зрната кафе и какаото, во безбедни производи со додадена вредност.
„Во изминатите десет години речиси го преполовивме количеството отпад по килограм производ произведен во нашите фабрики. Се залагаме за понатамошно намалување на отпадната храна во целиот производствен синџир, од нивата до потрошувачот и пошироко, како и за подигање на свеста за тоа дека вистинската вредност на храната често не се одразува низ нејзината цена“, изјави Паскал Греврат, директор за одржлив развој и животна средина во компанијата Nestlé.