ПОЛУГОДИШНИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ НА NESTLÉ ГРУПАЦИЈАТА ЗА 2011 ГОДИНА

Најнови вестиVevey,авг 9, 2011

10 август 2011 – во првата половина на 2011 година, Групацијата Nestlé забележа продажба од 41 милијарда CHF (швајцарски франци) и органски пораст од 7,5 %.

Групацијата Nestlé продолжува со растот, како на пазарите во развој така и на веќе развиените пазари при што остварува органски раст од 5,7% во Јужна и Северна Америка, 13,3 % во Азија, Африка и Океанија и 5,8 % во Европа со двоцифрен раст во регионот  Nestlé Адриатик.
Пол Булке, претседател на Управниот одбор и извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:  „Nestlé продолжи да го унапредува деловното работење во период кој е карактеристичен по политичката и економска нестабилност, по природните катастрофи, по порастот на цените на сировините и по силниот швајцарски франк. Напредокот е постигнат во едно екстремно тешко, нестабилно и конкурентно окружување.

Преку прилагодувањето на нашите конкурентни предности, преку инвестирањето во нашите двигатели на растот и водечката позиција во оперативната ефикасност и ефективност, успеавме да постигнеме раст не само на пазарите во развој, туку и во развиените земји, посебно во Европа. Освен тоа, ја унапредивме маргината на деловната добивка преку зголемување на инвестициите во нашите брендови. На ниво на целата година очекуваме органски пораст од 5 до 6%, во комбинација со маргинален раст изразен во фиксниот девизен курс. “

„Првата половина на 2011 година  беше одбележана од еден многу важен настан за нас, а тоа преземањето на работењето на Центропроизводи, еден од  водечките произведувачи на храна во Србија со долга историја и традиција. По регулаторните одобрувања, преземањето на работењето на Центропроизводи  ќе ни отвори многу можности за развој. Кога веќе станува збор за резултати, многу сме задоволни бидејќи нашиот удел на пазарот бележи раст во речиси секоја категорија.

Во првата половина на годината, нашиот волуменски раст надмина 10 %  благодарејќи на  силниот придонес на новите производи како „ KIT KAT“, „Senses“  и „MAGGI Sočno iz rerne“. Добрите резултати кои се остварени во Србија, беа постигнати благодарение на успешната сезона на сладоледот, како и на сите останати прехранбени производи; слични резултати беа постигнати и на останатите пазари во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Хрватска“, изјави Марко Траваљи, претседател на Управниот одбор на Nestlé Адриатик.

За дополнителни информации контактирајте го следново лице:

Вања Бобиќ
Корпоративни комуникации - Nestlé Адриатик д.о.о.
Телефон: +381 (11) 20 19 304
Мобилен: +381 64 866 54 16
Е-пошта: vanja.bobic@cs.nestle.com