Sort by
Sort by

Создавање заедничка вредност - исхрана

Исхрана

Како светски лидер во прехранбената индустрија во областа на исхраната, здравјето и здравиот живот, Nestlé верува дека иднината на компанијата лежи во пронаоѓањето решенија што ќе им помогнат на луѓето да се хранат здраво, било да имаат проблеми со недостиг на витамини и минерали или со дебелеење.
Овие проблеми ја поттикнуваат иницијативата на Nestlé на глобално ниво да се фокусира на пронаоѓање решенија за сите општествени сегменти, со акцент на луѓето кои живеат во сиромаштија.

Наши цели

Нашата стратегија во областа на исхраната, здравјето и здравиот живот е развиена уште пред 140 години и се заснова на процена дека во иднина ќе ја подигне свеста на потрошувачите за важноста на здравата исхрана. Користејќи решенија што се засновани на наука,  настојуваме да го подобриме квалитетот на живот преку исхрана што придонесува за здравјето и благосостојбата на потрошувачите, вклучувајќи ги и оние со посебни нутритивни потреби и оние со ниски примања, нудејќи им вкусни и здрави производи по ниски цени. Исто така, наша цел е подигање на свеста, знаењето и на разбирањето меѓу потрошувачите преку јасна и одговорна комуникација.

Nestlé Nutrition Council е составен од меѓународно признаени стручњаци, на чело со извршниот директор Вернер Бауер и одржува редовни состаноци со менаџерите на Nestlé со цел раководење со Nestlé-стратегијата на полето на исхраната, кои се важни за интересите на Nestlé.

Наши активности

Nestlé постојано вложува во развојот и подобрувањето на нутритивните вредности на производите во сите категории и работи на унапредување на управувањето со базата на рецепти за подобра нутритивна анализа и надзор.

Постојано работиме на намалување на солта, шеќерот, заситените масни киселини и на вештачките бои во производите, а од друга страна, и на додавање на повеќе хранливи состојки и корисни микронутриенти, со што обезбедуваме хранливи, висококвалитетни производи достапни и за луѓето со ниски примања. Исто така, вршиме одговорно огласување и продавање за формулата за бебиња и новороденчиња, според препораката од Светската здравствена организација (World Health Organization).

Наш настап

Водени од нашата посветеност на исхраната, здравјето и здравиот живот, настојуваме да ја зголемиме нутритивната вредност на производите, а истовремено да ги подобриме вкусот и задоволството.

Развиваме и систем на комуникација и информирање за брендовите, кој ги поттикнува корисниците и им овозможува да бидат информирани кога имаат можност да донесат одлука во врска со исхраната.

Вработените постојано се образуваат од областа на исхраната, здравјето и здравиот живот и за рекламирањето на формулата за новороденчиња и бебиња. Исто така, ја зголемуваме продажбата на нашите популарно позиционирани производи (Popularly Positioned Products) за сиромашните потрошувачи.