Создавање заеднички вредности



Создавањето на нашите вредности претставува јадро на нашето работење, во кое се наведува дека мора да создадеме вредност за заедницата, со цел да оствариме долготрајна вредност за акционерите.

И, секако, доколку не постапуваме во согласност со нашите работни начела, нема да можеме да ја заштитиме животната средина или да создадеме заедничка вредност за акционерите и за заедницата.

Тоа вклучува усогласување со националните закони и соодветните конвенции, како и со нашите сопствени прописи, кои често одат пошироко од законските обврски. На пример, ја поддржуваме Општата декларација за човекови права (UDHR), која се темели на Глобалниот договор за начелата за човекови права на ОН. Нашиот директор Пол Булке (Paul Bulcke) ја потпиша изјавата на ОН за Глобален договор, за 60-годишнината на UDHR.

Исто така, нашето работење е засновано врз одржливост -  да бидеме сигурни дека нашите активности ја чуваат животната средина за идните генерации. Како дополнение на дефиницијата на Брутланд (Brundtland)-комисијата, одржлив развој за Nestlé значи „развој што ги задоволува моменталните потреби без да ја загрозува можноста на идните генерации за и тие да ги задоволат сопствените потреби“.
 
Создавањето заеднички вредности не е само за согласноста и одржливоста. Секоја компанија што има долготрајна визија и ги следи основните начела на организација на своите активности, создава вредност и за акционерите и за задницата, и тоа кога станува збор за работни места, даноци за финансирање на јавни услуги и економските активности во целина.

Создавањето заеднички вредности оди еден чекор напред.
Компанијата свесно ги идентификува областите на кои ќе се фокусира, каде што интересите на акционерите и на заедницата во голем дел се поклопуваат и така и едните и другите имаат корист од создавањето вредности. Онаа компанија што вложува средства, кога зборуваме за таленти и во смисла на капитал, во оние области кои имаат најголем потенцијал за создавање заеднички вредности, таа бара соработка со релативни страни во заедницата.

Во  Nestlé анализиравме синџир на вредности и утврдивме дека исхраната, водата и руралниот развој се области со најголем потенцијал за заедничка оптимизација на вредностите во заедницата. Тоа се активностите во јадрото на нашата работна стратегија кои се од големо значење за благосостојбата на луѓето во земјите во кои дејствуваме.