Мајонез

Стоковната марка THOMY по потекло е од Швајцарија и датира од 1930 година, кога истоименото претпријатие го основал Фриц Томи-Схад (Fritz Thomi-Schaad). Производството на THOMY мајонезот во туба почна во 1951 година, а три години подоцна почна и извозот на овој производ на германскиот пазар.  
THOMY стана дел на Nestlé асортиманот во 1971 година, а денес е светски познат кулинарски бренд, кој го карактеризираат висок квалитет на суровините, одличен вкус и разновидност на понудата. Во Србија почна да се произведува во 2013 година. 
THOMY брендот во Србија е перципиран од потрошувачите како иновативен бренд што нуди единствен вкус на мајонез со висок квалитет. Компанијата Nestlé рецептурите на своите производи ги приспособува кон вкусовите и потребите на локалните потрошувачи. Така, во кулинарскиот асортиман  на THOMY за српскиот пазар, покрај класичниот мајонез и  light мајонезот, се наоѓаат и популарниот TOP2, кој е комбинација од мајонез и кечап, како и  THOMY сенфот.





Компанијата Nestlé неодамна го прошири асортиманот THOMY со уште еден производ на мајонез. Љубителите на мајонезот отсега може да најдат THOMY мајонез во пакување од 280 мл, првпат во практична кесичка со затворач.
Новото пакување, освен убавиот изглед, овозможува поедноставно користење, а затворачот ја прави полесна повторната употреба.