Junior

JUNIOR – МЛЕКО ЗА ДЕЦА ОД 1 ГОДИНА И ПОСТАРИ

ВАЖНОСТА НА МЛЕКОТО ПО ПРВАТА ГОДИНА

Млекото по првата година е важен дел од исхраната на секое дете. На дете на возраст од 1 до 4 години дневно му се потребни околу 500 мл млеко или замена за млеко. Млекото е составен дел на разновидната исхрана, а освен тоа е најважен извор на калциум за секое дете.

На таа возраст, доколку имате избор, секако би требало да се одлучите за производи што се приспособени и кои ќе му ги обезбедат сите потребни хранливи материи на малиот растечки организам кој станува сè поактивен. Би било добро производот што го користите да содржи и пробиотици – корисни бактерии.

Чест избор е кравјото млеко, но по својот состав не е доволно за деца на таа возраст.

JUNIOR 1 + млеко за деца по навршена една година, по својот состав е приспособено за малите активни деца, на кои им е потребно и млеко со висок квалитет заедно со нивната разновидна исхрана.

Ви препорачуваме Junior-млекото да го нудите во чаша што е можно порано. Само со 2 чаши дневно се обезбедуваат витамини, минерали, железо, пробиотици (B.lactis) и есенцијални масни киселини.