Корпоративните принципи

Корпоративните принципи на работење на Nestlé подразбираат:

  • Грижа за потрошувачите
    Со основна цел секогаш и секаде да го унапредуваме квалитетот на животот на нашите потрошувачи, нудејќи им повкусен и поздрав избор на храна и напивки, со гаранција за квалитетот и за сигурноста на производите и одговорна и доверлива комуникација.
  • Грижа за луѓето
    Каде што во целост ги поддржуваме и се грижиме за човековите права и настојуваме да дадеме добар пример за практичната примена на човековите и на работничките права во сите наши работни активности, се грижиме за вработените и создаваме еднакви можности за нивниот раст и напредок во безбедно и здраво опкружување.
  • Одговорна соработка
    Со снабдувачите и деловните партнери, со придонес за напредокот на земјоделството и развојот на руралните подрачја.
  • Грижа за животната средина
    Со заштита на животната средина и одржлив развој со  пристап за обновување при користењето на водата, со цел подобрување на управувањето со водите.
  • Повеќе информации за принципите на работење на компанијата Nestlé може да најдете во документот Nestléova korporativna načela poslovanja.