Кариера во компанијата Nestlé

Уште од своето основање во 2003 година, Nestlé Adriatic значајно напредува како во деловна смисла, така и во поглед на човечките ресурси. Во последните 7 години бројот на вработени се зголеми 11 пати.

Нашите вработени се нашата предност и инспирација. Со развивањето на нивниот потенцијал го подобруваме работењето и напредокот на компанијата. Структурата на компанијата е организирана на тој начин да нема голема хиерархија, што на вработените им дава поголема одговорност и поголеми права. Сметаме дека, доколку сакаме да создадеме култура на големи достигања, мора да се сосредоточиме, да ги препознаеме и да им дадеме признание на оние вработени кои постигнуваат високи резултати.

Како еден од начините за вреднување на вработените, воведена е „Евалуација на достигањата“ (Performance Evaluation), чија главна карактеристика е да не се фокусираме на веќе остварените цели, туку и на начинот на кој истите се постигнати. Индивидуалните цели се усогласени со деловните, а напредокот го следи вработениот заедно со својот менаџер повеќепати во годината. Предноста на оваа програма е неограничената достапност, односно можноста за вклучување и ревидирање на сопствените цели во кој било временски период.

Како алатка за управување со кариера се користи „Прирачник за личен развој“ (Personal Development Guide). Оваа програма им дава можност на вработените за отворен, искрен и транспарентен разговор со своите менаџери за сопствениот напредок и за договор околу плановите за понатамошниот развој.

За вреднување на однесувањето на вработените, Nestlé се води по „Рамката за управување на Nestlé“ (Nestlé Leadership Framework), во која се дефинираат четири групи на посакувано однесување:  позитивно влијание врз луѓето околу себе, отвореност, тимска работа и придонесот за вредностите на компанијата. Работата во тим има еднаква тежина како и фокусирањето на резултатите и покажувањето иницијатива и поради тоа неумешноста за тимска работа и нефлексибилноста се сметаат како непожелни особини.

Се разбира, како што ние ги вреднуваме нашите вработени, така и тие се повикуваат да дадат свои предлози и коментари поврзани со работата во компанијата.

Редовно спроведуваме истражувања за задоволството на вработените, кои се нарекуваат „Nestlé & јас“, кои се дел од глобалната иницијатива и се спроведуваат на сите Nestlé-пазари во светот. Со помош на ова упатство сакаме да собереме повратни информации од вработените, со што би ја процениле ефикасноста на нашата компанија и би ги идентификувале подрачјата за подобрување.

Исто така, во текот на целата година вработените може да оставаат анонимни коментари и предлози во „ Nestlé-сандачето за предлози“ (Nestlé Suggestion Box), чија цел е да ја поттикне двостраната комуникација. Одговор на прашањата и коментарите се даваат на квартален „Комуникациски состанок“ (Communication Briefing), кој се одржува четири пати годишно, а чија цел е информирање на вработените околу новостите во компанијата.

 Покрај наведеното, се одржуваат и „Questions&Answers“, состаноци поврзани  со определено подрачје од работењето и редовни состаноци во рамките на секторите.

Својот успех и култура Nestlé ги изгради врз база на мултикултурната разновидност. Се верува дека таквата разновидност е нашата клучна конкурентна предност, која треба и понатаму да се негува.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, може да се пријавите на:
human.resources@mk.nestle.com